Астрономи детектирале космички зрак кој се движи со 99.99999999999999999999951% од брзината на светлината

0

Заслуги: A. Chantelauze / S. Staffi / L. Bret / Pierre Auger Опсерваторија

Едно од најзабавните имиња со кои сме се сретнале во физиката е „Ох мој Боже честица“. Научниците исто така ја нарекуваат „ermagherd честица“ (се шегувам, не ја нарекуваат така, но навистина се вика „Ох мој Боже честица“). Сега првото нешто што може да ви падне на памет е Хигсовиот Бозон, кој беше откриен во 2012 год. Ова не е изненадувачко бидејќи медиумите го нарекле Хигсовиот Бозон „Бог честица“. Како и да е, двете честици многу се разликуваат.

Но, што е Ох мој Боже честицата? Тоа е едноставен, неважен протон.

Тогаш зошто се вика така? Овој протон имал иста ефективна маса-енергија како и бејзбол топка која се движи со 90 километри на час! Овој вид на честица е познат како космички зрак, тие во главно се само протони, но понекогаш можат да бидат и атом на хелиум или пак дури и електрон. Тоа што ги прави толки интересни е што тие се движат со брзина која е многу блиска до брзината на светлината, и Ох мој Боже честицата е најбрзата честица која некогаш била пронајдена.

Откриена во 1991 год. во Јута, за оваа високо енергетска честица е многу голема шансата да потекнува од место околу супермасивната црна дупка во галаксијата Кентаур А пред да допатува до Земјата.

Споменавме дека патува близу брзината на светлината, но колку близу? Овој протон има енергетско ниво од околу 50Ј (џули) енергија, кое е доволно да даде напон на светилка од 50W за една секунда. Ова можеби не изгледа како многу, но еден протон тежи само (1.67Е-27)kg (тоа е 0.167 со 26 нули пред него), и според тоа мора да има неверојатна брзина.

И таа брзина била пресметана дека е околу 99,99999999999999999999951% од брзината на светлината! Тоа значи дека, во секунда, патувала само 1,5 квадрилионтинка од метар помалку од брзината на светлината. Но, не грижете се, иако ја има истата маса-енергија како бејзбол топка, ако ве удре една од овие честици додека одевте по тротоарот нема да се онесвестите.

Се надевам дека можете да разберете зошто се вика Ох мој Боже честица… научниците кои ја откриле оваа честица веројатно го извикале тоа откога откриле колку брзо се движел тој протон.

Превод: Дејана Маркова

Извор: Physics-Astronomy

Сподели.