Првата меѓународна кампања за следење на астероиди доживеа успех, еве што научивме

0

Многубројни телескопски набљудувања од 2012 TС4 од 6 август 2017. Заслуги: ESO/ESA

Меѓународен тим на астрономи го следеле астероидот 2012 ТЦ4, поминувајќи во близина на нашата планета. Вежбата била предвидена како тест за глобалните способности за одговор во случај на опасен астероид кој се движи кон нашата планета.

Се претпоставува дека ТЦ4 е безопасен, но неговата големина и орбита не се добро познати. Сега астрономите успеале значително да ја намалат неизвесноста. Се проценува дека е голем помеѓу 10 и 30 метри, но потврдено е дека е долг 15 метри и широк 8 метри. Благодарение на софистицираните оптички и радио бранови набљудувања, астрономите, исто така, ја рафинираа својата проценка на орбитата покажувајќи дека ТЦ4 е апсолутно безопасен.

“Висококвалитетните набљудувања од оптички и радарски телескопи ни овозможија да ги отфрлиме идните влијанија помеѓу Земјата и 2012 ТЦ4“, изјави Давид Фарночија од НАСА Центарот за Студии на Објекти Близу Земјата, кој ги предводеше напорите за определување на орбитата. „вие набљудувања, исто така ни помагаат да ги разбереме суптилните ефекти како што се притисокот од сончевата радијација што нежно може да ја помести орбитата на мали астероиди.“

ТЦ4 ја достигнал најблиската точка на Земјата на 12 октомври 2017 год., кога летал околу 43780 километри над нашите глави. Но, набљудувачката кампања започна почетокот на летото, спроведена од истражувачи од САД, Русија, Канада, Италија, Германија, Колумбија, Израел, Јапонија, Јужна Африка и Холандија.

„Оваа кампања беше одличен тест за вистински случај на закана. Научив дека во многу случаи веќе сме добро подготвени, комуникацијата и отвореноста на заедницата беа фантастични“, изјави Детлеф Кошња, ко-менаџер на објектите во близина на Земјата (НЕО), сегмент од програмата на Европската вселенска агенција за ситуациско спознавање во вселена.

“Кампањата 2012 ТЦ4 беше одлична можност за истражувачите да покажат подготвеност и готовност да учествуваат во сериозна меѓународна соработка во решавањето на потенцијалната опасност за Земјата што ја поставуваат НЕО”, рече Борис Шустов, научен директор на Институтот за астрономија при Руската академија на науките.

Астрономите, исто така, користеле вселенски телескопи покрај копнени инструменти за подобро изучување на ТЦ4. Мрежата на телескопи, исто така, се користеше за да се процени колку брзо објектот се ротира. Тимот беше изненаден кога виде дека се вртеше брзо, отприлика еднаш на 12 минути, но исто така, се тркалало.

“Ротирачката кампања беше вистински меѓународен напор. Имавме астрономи од неколку земји кои работат заедно како еден тим да го проучуваат однесувањето на ТЦ4”, изјави Ејлин Рајан, директор на опсерваторијата Магдалена Риџ, која го следела астероидот два месеци.

Опасноста од астероиди е далечна, но многу сериозна, па за среќа сега сме подобро подготвени отколку пред почетокот на оваа кампања.

Превод: Бојан Николовски

Извор: IFLScience

Сподели.