Друга ѕвезда може да го измине нашиот Сончев Систем, и тоа многу поскоро одошто мислевме

0

Веќе подолго време се знаеше дека друга ѕвезда ни го попречува патот, но астрономите се уште не ги потврдија тие предвидувања, само кажувајќи дека тоа ќе се случи побрзо отколку што се сметало.

Ѕвездата се нарекува Gliese 710, со околу 60 % од Сончевата маса. Станува збор за џуџеста ѕвезда којашто за милион години ќе се доближи до нашиот Сончев Систем на растојание од 1/5 светлинска година.

Од една страна, тоа растојание претставува добра причина за паника и грижа, меѓутоа, од друга страна, пак, добра заштита ќе биде Ортовиот облак – огромен облак од комети кој го опкружува нашето Сонце на растојание преку една светлосна година. Возможно е неколку комети да бидат испратени и кон планетите во Сончевиот Систем, дури и да ги вознемири планетите со т.н. гравитационо повлекување.

Благодарение на првите податоци од вселенската обсерваторија Гаја на Европската Вселенска Агенција, астрономите Филип Берски и Пјотр Дајбчински успеаа да го обноват ова предвидување во 2016. Според нив, оваа појава ќе се случи побрзо, и тоа за приближно 1,35 милиони години, на растојание од околу 0.25 светлосни години или 16 000 пати од растојанието Земја – Сонце. Со појавата на новите податоци, астрономите Раул Де Ла Фуенте Маркос и Карлос Де Ла Фуенте Маркос од Универзитетот во Мадрид велат дека ѕвездата ќе се приближи поблиску и поскоро.

Нивните пресметувања велат дека оваа ѕвезда ќе го измине нашиот Сончев Систем за околу 1,29 милиони години, на растојание од само 0.07 светлосни години, односно околу 4 000 пати од растојанието Земја – Сонце или само 100 пати од орбитата на Плутон.

„Нашите резултати предвидуваат поблизок, како во поглед на растојанието така и во однос на времето, прелет на Gliese 710 на Сончевиот Систем.“ – напишаа истражувачите. Тие рекоа и дека ѕвездата нема да предизвика несакани ефекти на гравитацијата на планетите, ама големото приближување може да доведе до испуштање на поголема комета која ќе ја зафати внатрешноста на Сончевиот Систем.

Интересно е тоа што тимот направи модел за пресметување на приближувањето на ѕвездите, и тоа преку анализирањето на друго такво приближување коешто не се случило пред долго време. Пред околу 70 000 години, едно црвено џуџе се приближи на околу 1 светлосна година до нашиот Сончев Систем. Таа ѕвезда била наречена Scholz’s Star, а помогна во преработувањето на пресметките за Gliese 710.

Во овој момент, ѕвездата е оддалечена околу 62 светлосни години од нас, така што нема некои значителни ефекти. Но изгледа дека нашите потомци во далечната иднина ќе треба да се справат со приоѓањето на оваа ѕвезда.

Превод: Матеј Пислевски

Извор: IFLScience

Сподели.