Ново истражување најде доказ за друга џуџеста планета во надворешниот Сончев Систем, што можеби ќе го зајакне доказот за Планета Девет.
Истражувачите гледале објект преку орбитата на Нептун наречен 2015BP519. Објектот е необичен така што неговата орбита е високо наклонета над сончевиот систем за 54 степени. Како последица од орбитата, објектот се менува од 35AU од Сонцето (1AU – астрономска единица, растојанието од Земјата до Сонцето), каде што влегува во орбитата на Плутон, се до 825АU. Потребно е повеке од 8900 години за да изврши една револуција.
Всушност масивно екцентричната орбита е добар индикатор за постоењето на Планета Девет. Кога хипотезата за планетата беше прво предложена од астрономите Мајк Браун и Константин Батјигин во 2016, неможевме директно да ја видиме, но можевме да ги видиме нејзините гравитациски ефекти на објекти како 2015BP519. “2015BP519 додава до условните докази за постоењето на овој нов член од Сончевиот Систем” вели тимот предводени од Јулиет Бекер од Универзитетот на Мичиган во нивното истражувачко дело.
Овој објект, кој можеби е околу 1,400 километри (870 милји) во дијаметар, е откриен од страна на Истражувањето за Темна Енергија (Dark Energy Survey – DES) во 2014. Сега се знае дека е најверојатно најекстремниот транс-Нептунски објект – мал објект кој орбитира подалеку од орбитата на Нептун – пронајден до денес.
Има мала шанса дека неговата екстремна орбита е резултат од непредвидени процеси во еволуцијата на Сончевиот Систем, но ова не е веројатно во моментот. Тимот направи голем број на симулации за да се види како би можело да се дојде до неговата сегашна орбита и изгледа дека скриена планета е најдоброто објаснување. Забележаните орбитални елементи на 2015BP519 можат да бидат лесно произведени преку динамичките интеракции во Сончевиот Систем ако ја содржи Планета Девет.
Сепак не се сите убедени, Мајкл Банистер од Квинс Универзитет Белфаст – кој не беше вклучен во истражувањето – вели Планета Девет е еден од голем број на начини на кој нашиот Сончев Систем би можел да еволуриа. Преку последните неколку години, се појавиле голем број на нови докази за Планетата Девет. Со секој ново додаден дел, доказот се зајакнува. Сега останува само да ја најдеме.
Превод: Ристе Нашков
Извор: IFLScience