Пионерски експеримент негира една од најголемите претпоставки за црните дупки

0

Црните дупки се едни од најенигматичните објекти познати во науката. Во текот на последните 100 години се направени голем број на откритија, но има многу нешта за кои немаме претстава и уште повеќе такви за кои имаме погрешна претстава. Ново истражување потенцијално демантира една од најголемите претпоставки за овие појави.

Претпоставката е дека дискот на таложење на црната дупка (работ на материјалите кои се собираат на овие деструктивни тела, уште наречен и акрециски диск) треба да биде полн со јонизирано железо.

Пионерски експеримент негира една од најголемите претпоставки за црните дупки

Уметничка претстава за дискот на таложење на црна дупка. Заслуги: NASA

Ова е основано на фактот дека помеѓу други работи, железото се испушта при настанувањето на суперновите – бурните настани на крајот на животот на одредени ѕвезди. Екстремната радијација која би се испуштала од црната дупка би ги јонизирала овие делови.

Проблемот со оваа идеја е дека директен доказ за овие железни јони досега не е пронајден. Вообичаено, елементите од атмосферите на ѕвездите ги детектираме преку нивните спектрални емитувања, но досега не е откриено ниту едно зрачење кое би укажало дека јонизираното железо е карактеристика на акрециските дискови.

Физичарите велат дека, за разлика од други елементи, кои нормално би се вратиле на пониски енергетски состојби по јонизација, и од нив би зрачела светлина, овие електрони би се одделиле од атомите на железото и ќе залутаат во Вселената без да се емитува светлина. Поради тоа, не би имало светлина чиј спектар би можел да се набљудува.

Тим на истражувачи од Националната Лабораторија во Сандија одлучиле да изградат експеримент на Земјата кој би открил дали оваа теорија е основана. Името на експериментот би бил Z Машина, најенергетскиот лабораториски извор на X-зраци на Земјата.

Пионерски експеримент негира една од најголемите претпоставки за црните дупки

Компјутерска симулација на гас од ѕвезда растргната од црна дупка. Гасот формира акрециски диск. Заслуги: JPL

Резултатите покажуваат дека ако фотоните не се присутни, не се присутни ниту јоните. Ова укажува дека децнии од претпоставки за дискот на таложење на црните дупки се во суштина погрешни. Се надеваме дека ова нема да ги остави астрофизичарите без надеж.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFL Science

Сподели.