Долговечно езеро на древниот дел на Марс овозможило стабилни околински услови кои значително се разликувале во различни делови на езерото, според севкупната анализа на откритијата од првите три и пол години на Кјуриосити, ровер мисијата на НАСА. Додека претходни истражувања го имаат откриено присуството на езеро постаро пред три милијарди години во Марсовиот кратер Гејл, ова истражување го дефинира хемискиот состав на езерото и го користи моќниот товар на Кјуриосити за да утврди дека езерото било стратификувано (поделено на слоеви).
Стратификувани водени објекти се одликуваат со забележителни физички или хемиски разлики меѓу длабоката вода и плитката вода. Во езерото на Гејл, плитката вода била побогата со оксиданти од длабоката вода.
„Дознаваме дека во делови од езерото и во одредени временски периоди, водата содржела повеќе кислород,“ вели Роџер Винс, планетарен научник во Националната Лабораторија во Лос Аламос и коавтор на истражувањето, објавено на 1-ви јуни во списанието Science. Ова е важно, бидејќи влијае на тоа кои минерали се таложат во седиментите, и исто така бидејќи кислородот е важен за животот. Но, мораме да запаметиме дек во времето на езерото Гејл, животот на нашата планета сè уште се немал навикнато на кислородот – фотосинтезата сè уште не била започната. Наместо тоа, поважното нешто за животот, ако тој некогаш постоел на Марс, е оксидационата состојба на некои елементи како железо или манган. Овие оксидациони состојби би биле контролирани од количеството на растворен кислород во водата.
„Ова биле многу различни околини кои постоеле во истото време, во истото езеро,“ изјави Џон Хоровиц од Stony Brook универзитетот, кој е главниот автор на ова истражување.“ Овој вид на оксидациона стратификација е вообичаен во езерата на Земјата, а сега е пронајден и на Марс. Различноста на околините во ова Марсовско езеро им дава можност на неколку различни видови на микроби да преживеат.
Дали Марс некогаш содржел живот е сè уште непознато, но трагање по знаци на живот на која било планета, било да е тоа Земјата, Марс или подалечни, студени светови, започнува со реконструција на околината за да се види дали таа била погодна за одржување на живот. НАСА го користи Кјуриосити за да ги истражува населивите околини на древната површина на Марс.
Во текот на преку 1700 солови (Марсовски денови, кои траат по 24 часа и 39 минути), Кјуриосити има пропатувано преку 16 километри од дното на кратерот Гејл до планината Шарп, близу до центарот на кратерот. Националната Лабораторија во Лос Аламос го разви ChemCam инструментот, кој што пука ласери, во соработка со француската вселенска агенција. Работата на Лос Аламос во областа на инструменти наменети за разни откритија како ChemCam потекнува од искуството на Лабораторијата во градењето на повеќе од 500 инструменти за вселенски летала и возила за национална безбедност. Научниците ги користат сите податоци собрани од ChemCam и други вклучени инструменти за да состават покомплетна слика на геолошката историја на Марс.
Превод: Јоаким Јаковлески
Извор: Phys