Што ако зад брзите радио импулси се кријат вонземјани?

0
Што ако зад брзите радио импулси се кријат вонземјани?

Уметнички приказ на тоа како би изгледало вселенско едро напојувано од FRB зраци. Заслуги: M.WEISS/CFA

Кога научниците ќе се соочат со нов астрономски феномен, имаат две опции: да го поврзат со било каква темна материја во Вселената, или да помислат дека тоа можеби се вонземјани. Брзите изливи на радио зрачење (Fast Radio Bursts – FRB), се неверојатни, силни и кратки напливи на радио зраци од непознат интергалактички извор и тие сè повеќе посочуваат кон втората опција.

Најновите вести за овој феномен доаѓаат од Харвардските физичари Еви Лојб и Манасви Лингем, кои започнаа истражување за тоа како би можеле да изгледаат потенцијалните извори на FRB зраци. „Брзите радио зрачења се премногу светли со оглед на нивното кратко траење и многу далечниот извор, и ние сè уште не можеме да кажеме дека изворот е природен со сигурност“ – вели Лојб за статијата посветена на ова откритие. „Вреди да посветиме внимание на теориите за можноста изворот да биде вештачки.“

Досега се откриени 17 зрачења од овој тип и астрономите буквално си ги удираат главите од ѕид за да дознаат од што потекнуваат. Само едно од зрачењата е забележано како се повторува. Значи, теориите се дека или се создадени од високо магнетизирана ѕвезда, или од супермасивна црна дупка. Па, ако земеме предвид вештачки извор на ваквите зрачења, каков објект би можел тој да биде? Двајцата физичари претпоставуваат дека изливите можат да бидат зраци што придвижуваат огромни вселенски бродови, експлодирајќи на нивните соларни едра. „Она што ние го гледаме е дифракција на зракот од едрото.“ – вели Лојб. „Проценуваме дека тие едра можат да придвижуваат тежина и до 1 милион тони. Тоа е доволно силно за да може да се пренесуваат патници на меѓуѕвездени па дури и на меѓугалактички патувања,“ – објаснува Лингем.

Нештата многу брзо преминуваат од наука во развој во научна фантастика. За трансмитерот да праќа толку големо количество на зраци, доколку е напојуван соларно, да прима енергија би му требал колектор два пати поголем од Земјата. И, да не го заборавиме оној досаден втор закон за термодинамика: ниту една технологија не може да биде 100% ефикасна и затоа се загрева, што би значело дека на огромниот FRB трансмитер би му требал систем за ладење исто така два пати поголем од Земјата.

Па тогаш, дали научниците навистина веруваат дека FRB зраците потекнуваат од вонземска интелигенција? Не мора да значи. „Науката не е базирана врз верувања и претпоставки туку е базирана врз докази.“- изјави Лојб. „Донесувањето одлука предвремено, за нешто што не е со сигурност точно, ги ограничува можностите. Но,  вреди да се предложуваат идеи и да им се остави на податоците и доказите да пресудат.“

Додека свесниот ум е важен, друг белег на научните процеси е скептичноста. Весниците истакнуваат како сето ова е многу шпекулативно и ни обезбедува многу помалку наука од потребното. Физичарите проценуваат дека од 300 брзи изливи на радио бранови во Вселената на ден, во нашата галаксија се појавува еден на 300 години.

Да се надеваме дека ова ќе помогне да се вложуваат повеќе труд и пари во истражувањето на овие поајви, дури и доколку тоа се прави само за да им се докаже на луѓето кои настапуваат со вакви теории дека грешат.

Превод: Давид Симоновски

Извор: IFL Science

Сподели.