Се продлабочува мистеријата на „мегаструктурната ѕвезда“

0
Се продлабочува мистеријата на „мегаструктурната ѕвезда“

Облаци од комети можат да објаснат некои настани на затемнување, но нешто друго се случува околу KIC 8462852. Заслуги: NASA/JPL/Caltech

Најчудната ѕвезда на нашата галаксија, KIC 8462852, е почудна отколку што сме мислеле, покажувајќи промени кои никогаш не биле набљудувани кај ваква ѕвезда.

Минатата година се најави дека објектот искусил драматични и нагли промени во светлината, што доведе до шпекулации дека ѕвездата е опкружена од вонземска мегаструктура. Нови набљудувања велат дека нема вонземјани околу ѕвездата, но мистеријата се продлабочува, така што историски податоци укажуваат дека ѕвездата е необјасниво затемнета за 14 проценти во период малку подолг од еден век.

Истражувачите Џош Симон и Бен Монтет, користејќи ги набљудувањата на Вселенскиот телескоп Кеплер на НАСА, открија дека ѕвездата бледнеела полека и потоа нагло при четирите години кога била набљудувана. Ова се нема случено досега во податоците на Кеплер.

Во истражување објавено во „Astrophysical Journal“ ѕвездата е споредена со 500 слични ѕвезди кои исто така се набљудувани од Кеплер. Иако мал дел од нив избледувале со време, ниедна немала настани на затемнување со таков интензитет.

Ѕвездата, исто така позната како „Ѕвездата на Таби“, почнала да избледува 1 процент во првите три години од истражувањето, потоа светлината паднала за 2 проценти, а во последните шест месеци останала стабилна.

Поминатите шест месеци од затемнувањето во 2012 може да се објаснат со растргнувањето на планета или комети, но долготрајното затемнување очигледно мора да биде нешто друго. Сè уште не се знае што ја предизвикало драматичната промена на осветлување кое било забележано минатата година.

Голем предизвик е да се одреди што се случува со ѕвезда која покажува три различни појави кои се за првпат забележани. Овие набљудувања ќе помогнат во понатамошното откривање на мистеријата на ѕвездата.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFL Science

Сподели.