Меркур има многу разновидна површина. На некои делови има помлади формации, а другите се постари и преполни со кратерски дупки. Северните вулкански региони на Меркур, на пример, се формирале поскоро во споредба со останатите делови од планетата, најверојатно поради тектонски активности кои ја поместиле земјата.
Со анализа на податоци од леталото Месинџер на НАСА кое орбитираше околу Меркур од 2011 до 2015-та година, научниците успеаа да погледнат одблизу и да видат како се развиваат различните видови на терени по површината.
На почетокот планетите се врели и речиси целосно стопени. Како што се ладат, на нив кристализираат разни минерали кои често знаат да се разделат и да формираат различни слоеви во внатрешноста на планетата. Докази за ваков вид на формирање на слоеви беа откриени во примероците донесени од Месечината за време на мисиите Аполо. Станува збор за процеси кои се сосема различни од овдешните на Земјата. Кај нас не може да се најдат вакви слоеви или поради тоа што минералите никогаш не се раздвоиле, или поради тектонските движења кои имаат ги имаат повторно измешано работите.
Научниците се обидуваат да октријат дали Меркур има исти такви хемиски слоеви како Месечината. За да се направи симулација на внатрешноста на Меркур, истражувачите ставиле енстатит хондритит – тип на метеорит кој е сличен со составот на Меркур. Според симулацијата откриено е дека на Меркур не би му ни биле потребни вакви слоеви во внатрешноста, туку дека истите тие пејзажи на површината би постоеле и со хомогена смеса со ист состав. Постарите предели се формирале од материја кога се транспортирала до површината од внатрешноста, поради зголемен притисок и температура. Наспроти ова, помладиот терен најверојатно се создал од материја која потекнува од деловите веднаш под површината, односно не толку стресни места со помалку притисок и пониски температури.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Space