Откриена нова џуџеста планета на рабовите од нашиот систем

0

До пред само неколку децении Плутон важеше за последниот член од Сончевиот Систем, позади чија орбита се крие темно, пусто пространство. Астрономите уште од неговото откритие во 1930 година претпоставувале дека можеби уште нешто се крие таму, предалеку и премногу темно за да се открие со тогашната опрема.

Во средината на 1992 година откриен е 1992 QB1, небесно тело чија што орбита се наоѓа зад онаа на Плутон. Наскоро следувале пронаоѓања на уште неколку слични објекти, а денес тој број се искачи на преку илјада познати небески тела.

Името на тоа подрачје е Кајперов појас и претставува дом на неколку тела кои по маса и дијаметар се слични на Плутон. Ерида, на пример, е нешто помала во дијаметар, но има поголема маса.

Бидејќи станува збор за многу интересно подрачје, астрономите будно го следат. Тие објавуваат како откриле нов свет, доста подалеку отколку што е Плутон (кој и самиот е многу далеку); 2015RR245 му е службеното име, оддалечен е од нас девет милијарди километри и неговатаа револуција околку Сонцето изнесува 700 години. За споредба, Плутоновата револуција трае 248 години. Дијаметарот му е околу 700 кm, а за неговиот состав може само да се спекулира.

Откриена нова џуџеста планета на рабовите од нашиот систем

Орбитата на кандидатот за џуџеста планета 2015RR245 е изразито елиптична: во перихел доаѓа на прагот на орбитата на Нептун, а во афел скоро 40 пати оддалечен. Заслуги: The Guardian

Орбитата на ова тело е изразито елиптична: во најоддалечената точка се наоѓа на дури 120 астрономски единици (12 милијарди километри) од Сонцето, а во најблиската точка, што ќе се случи во 2096 година, ќе се доближи на 34 астрономски единици, односно на само пет милијарди километри. За споредба, Нептун, последната планета во нашиот состав, од Сонцето е оддалечен 30 астрономски единици.

Иако со својата големина и орбитални параметри припаѓа во групата џуџести планети, таа титула административно мора да ја додели Меѓународната астрономска унија. 2015RR245 не е единствениот кој чека службено одобрување. Со него чекаат Седна, Кваоар i 2007 OR10. Дотогаш, официјално признаени џуџести планети остануваат Церера, Плутон, Ерида, Хаумеа и Макемаке.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Znanost

Сподели.