Иако најголемиот број луѓе на планетава живеат во уверување дека Земјата има само еден природен сателит, од неодамна е откриен уште еден сопатник на нашта сина убавица.
Станува збор за астероид 2016 H03, кој научниците го открија на 27-ми април оваа година, при Универзитетот од Хаваи, а со помош на системот Pan-STARRS 1 кој служи за набљудување на астероиди кои би можеле да претставуваат закана за Земјата.
Станува збор за релативно мало тело со големина од 30 до 100 метри, кое во својето неправилно движење околку Земјата може да се најде на оддалеченост од 38 до 100 пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината.
Се смета дека овој квази-сателит земјината гравитација го фатила пред стотина години и дека истиот ќе гравитира на ова поле уште неколку векови.
Сепак, ова не е единствениот Земјин квази-сателит, но секако е највпечатливиот.
За потсетување, околу Земјата кружат уште неколку слични објекти, пример 2003 YN107, кој е на помалку стабилна орбита од онаа на 2016 H03.
Ако сакате да видите како изгледа орбитата на наведениот квази-сателит погледнете го одличното NASA-in видео во продолжение.
Видео: Астероид 2016 H03 – Постојан придружник на Земјата (NASA).
Превод: Александра Бошкова
Извор: Znanost