Маратонот покрај во Скопје и на многу места на планетата оваа година се трчаше и во Вселената

0

Европскиот астронаут Тим Пик (Tim Peake) на 24-ти Април оваа година во исто време кога се одржиуваше Лондонскиот маратон, ја истрча целата должина на маратонската трка од 42.195км и веројатно ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди како најбрз истрчан маратон во Вселената.

Денес во Скопје по 12 пат се одржа Скопскиот маратон, една многу убава и позитина спортска манифестација на која имаше рекорден број на учесници и се постави нов рекорд на патеката од 2.12.36 сек. од страна на Кенискиот атлетичар Кипротич Кируи (Kiprotich Kirui).

Tim-Peake-marathon-space

Крајот на вселенскиот маратон истрчан од Тим Пик

За разлика од тоа што маратоните на Земјата се трчаат по улиците на градовите на Земјата, астронаутите ја немаат таа можност, и Тим тргата ја трчаше на подвижна лента, заврзан со еластични јажиња со цел да не одлета од лентата. За астронаутите оваа активност не е невообичаена затоа што тие секојдневно по 2 часа мораат да вежбаат со цел да ја одржат на задоволително ниво нивната мускулна маса. Една од опремите за вежбање е и подвижната лента. Цело време додека Тим трчаше имаше директен пренос на многу екрани низ Лондон и од неговиот сопствен маратон на 400 км над Земјата, каде што тој со брзина од околу 27 000 км/ч патува околу Земјата заедно со уште 5 други астронаути и космонаути од САД и Русија.

Вселенскиот маратон Тим Пик го заврши за време од 3ч.35.мин.21сек. и за тоа време со МВС пропатува повеќе од 2 пати околу нашата планета. Ова не е првиот истрчан маратон во Вселената, по прв пат трчаше астронаутката на НАСА – Сунита Вилијамс (Sunita Williams) во 2007 година за време кога се одржуваше Бостонскиот маратон. Нејзиното време беше 4ч.24мин. За да не му биде досадно за време на трката тој постојано имаше пренос од Лонсонскиот маратон и апликација која што му овозможуваше виртуелно да ја гледа патеката низ Лондон во зависнот на неговото темпо на трчање.

Како што тој кажа после истрчаниот маратон, немал многу проблеми со нозете, туку поголем проблем му претставувала болката во рамената каде поради притисокот од еластичниот појас најмногу удари трпи телото во безтежинската состојба на МВС.

Можеби некогаш во иднина и некој Македонец ќе имаме во Вселената кој ќе трча за време на Скопскиот маратон. Останува да се надеваме.

Сподели.