Се стеснува потрагата по деветтата планета

0
Се стекнува потрагата по деветтата планета

На база на внимателно проучување на орбитата на Сатурн, француските научници направиле математички модели за категоризирање на регионите според веројатноста во нив да биде откриена деветтата планета. Извор: CNRS.

Претходниот месец беа објавени докази за присуство на досега неоткриена, деветта планета во нашиот Сончев Систем чија орбита е бизарна и мошне издолжена. Се претпоставува дека Планетата број 9 е десет пати помасивна од Земјата и има дијаметар од 25.750 километри. Таа орбитира на многу голема оддалеченост, околу 20 пати подалеку од просечната оддалеченост на Нептун од Сонцето, па затоа беше проценето дека на овој објект му се потребни од 10.000 до 20.000 години за помине една орбита околу Сонцето.

Се стекнува потрагата по деветтата планета

Замислена претстава на т.н. Планета Девет. Астрономите сметаат дека станува збор за масивна, гасовита планета, слична на остатите гасни џинови во Сончев Систем. Извор: Wikipedia

Претпоставките за постоењето на оваа планета се направени со математички модели и компјутерски симулации базирани на групирањето на шест подвижни астероди во Кајперовиот Појас (област зад Нептун, исполнета со замрзнати астероди и комети).

Се стеснува потрагата по деветтата планета

Сите шест далечни објекти со орбити зад Нептун мистериозно се подредени и групирани во еден правец. Исто така, кога ќе се погледне во три димензии и нивниот наклон е речиси идентичен. Токму затоа, се проценува дека овие ефекти може да се постигнат поради влијанијата на тело со маса 10 пати поголема од Земјата. Извор: Caltech/R. Hurt (IPAC)

Со ваква огромна орбита астрономите буквално како да бараат игла во сено и не знаат ниту од каде да започнат. Но, француските научници успеаа да ја стеснат потрагата, односно попрецизно да го предвидат движењето на новата планета благодарение на деталните проучувања на неправилностите во орбитата и на Сатурн. Според споредбите на пресметаната и набљудуваната положба научниците ги предвидоа регионите каде е можно, повеќе веројатно или невозможно да се открие планетата. Оваа постапка била употребена и за откривање на Нептун пред повеќе од 150 години. Тогаш, поради неправилностите во движењето на Уран астрономите го предвидоа постоењето на подалечна осма планета. На 24 септември 1846 година Јохан Гел го откри Нептун само 1° подалеку од математички предвидената позиција. Решението за оваа деветта планета не е ни одблизу толку прецизно, но сепак е чекор напред во потрагата.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Universe Today

Сподели.