Мистериозните смрзнати ридови на Плутон се движат како санти мраз

0
Прикажани се ридови од мраз во регионот Спутник Планум. Извор: NASA/JHUAPL/SwRI

Прикажани се ридови од мраз во регионот Спутник Планум. Извор: NASA/JHUAPL/SwRI

По блиското прелетување на Нови Хоризонти крај Плутон се открија голем број уникатни геолошки и бизарни феномени. Астрономите се обидоа да ја разјаснат една од најтаинствените, односно појавата на ридови во областа со форма на срце. Спутник Планум е познатиот, рамен регион во форма на срце и е исполнет со ридови од смрзната вода кои се протегаат наоколу во долги низи или групи, но некои од нив се изоларани настрана. Дел од научниците сметаат дека овие ридови се слични на сантите мраз кои ги имаме овде на Земјата. Тие се во постепено движење низ рамницата под влијание на сеуште за нас мистериозната конвекција која се случува во џуџестата планета.

Областа главно се состои од смрзнат азот, кој е значително погуст од мразот од вода, па така ридовите како да пловат по површината. Ридовите најверојатно се големи парчиња мраз од вода кои потекнуваат од областа Томбауг Регио и наликуваат на блокови планини.

Ридови од смрзната вода пловат во морето од замрзнат азот и со тек на времет се движат, слично како сантите мраз на Земјата. Извор: НАСА

Кога овие ридови ќе се откинат од големите глечери се задвижуваат низ смрнатото море од азот, начесто во големи низи кои достигнуваат и до 20 километри. Најголемата група од смрзнати карпи е лоцирана северно од овие низи и неформално се нарекува Чаленџер Колс, во чест на екипата од вселенското летало Чаленџер. Овој куп на смрзнати ридови зафаќа површина од 60 на 35 километри и се верува дека невообичаената големина се должи на ниското ниво на смрзнат азот во тој регион. Се верува дека Спутник Планум настанал при удар на голем објект во Плутон. Потоа регионот се исполнил со мешавина од смрзната вода, азот и амонијак.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.