Компанијата Space X ќе носи астронаути на Меѓународната вселенската станица

0
Лансирање на Фалкон 9 ракетата. Извор: НАСА/Space X.

Лансирање на Фалкон 9 ракетата. Извор: НАСА/Space X.

НАСА веќе официјално се договори со компанијата Space X за испраќање на тим од астронаути до Меѓународната вселенска станица. Лансирањето е закажано и се очекува да се случи при крајот на 2017 година, но датумот сеуште не е официјално потрврден.

Тимот на оваа компанија ќе се натпреварува со Боинг за првото лансирање по прекинот на ваквите мисии во 2011 година. Боинг и Space X добиле милијарди долари за развивање на летало, погодно за транспорт и на луѓе. Проектите се познати како Драгон и ЦСТ-100 Старлајнер. Боинг веќе во мај добија официјална наредба за испраќање на тим од луѓе, но сеуште не се знае кое летало ќе биде прво задолжено за оваа мисија. Овие две наредени, односно нарачани лансирања од компаниите се првите од ваков тип кои НАСА ги има направено, но сигурно во иднина ќе следуваат уште повеќе. Според НАСА важно е да се имаат барем овие две опции со кои можат да се задолжат компаниите за мисиите во орбитата на Земјата.

Драгон е способен да понесе седумчлен екипаж во орбитата, но сепак ќе заминат само четворица астронаути. Драгон, како и Старлајнер, ќе биде на МСС околу 210 денови, носејќи астронаути од Земјата и назад.

Space X ќе го употреби Launch Bad 39A за своите лансирања од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Извор: Space X.

Драгон и Старлајнер се капсули, не многу различни од леталата Аполо од 1960-тите и 1970-тите. Но, овие историски вселенски летала слетувале со помош на падобрани, а Драгон ќе слета со помош на помошни мотори кои ќе му овозможат благо слетување на површината.

За разлика од ова, Старлајнер ќе слета со помош на падобрани. Со ваквите програми за иницирање на комерцијални летови НАСА сака да дојде до надворешна соработка со приватните компании во врска со мисиите низ орбитата.

Компанијата Space X е позната во јавноста по својата цел да испрати луѓе на Марс со својата капсула Орион и ракетата Систем за Вселенско Лансирање (SLS). Па така, ова ќе биде одлична можност за нивно тестирање, како и промовирање.

Во моментов, само руското летало Сојуз има можности за пренесување на луѓе до МСС. Се очекува овој сателит да биде функционален барем до 2024 година.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.