Не, светот нема да заврши во 2015-та година

0

Ентузијастични теоретичари повторно го предвидоа крајот на светот. Овојпат тврдат дека тоа ќе се случи помеѓу 22-ри и 28-ми септември 2015 година. Причината за уништување сега велат дека ќе биде огромен астероид кој ќе ја удри Земјата!

За среќа, некои од најдобрите набљудувачи на небото во светот, кои работат за НАСА, однапред се сетиле да го побараат овој астероид. Всушност набљудувањето на патеките на астероидите е високо на нивната листа на приоритети. Ако има опасност некој астероид да се судри со Земјата, тие се целосно фокусирани да го спречат тоа.

Засега ваков астероид не е забележан ниту од нив, ниту од некоја опсерваторија, ниту од огромниот број луѓе кои поседуваат телескопи низ светот.

Доколку НАСА би открила астероид и би го спасила светот, нејзиниот буџет би се зголемил за сто пати, па нема прична зошто би го криеле тоа.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.