Мисијата Зора (Dawn) направи серија фотографии на џуџестата планета Церера на 16 мај, 2015 г. На фотографиите се забележуваат светлите точки на Церера, кои за научниците сè уште претставуваат мистерија. Фотографиите се направени на оддалеченост од 7 200 километри со резолуција од 700 м на пиксел.
Сега научниците можат да заклучат дека овие точки се резултат на сончевиот отсјај од површински материјал со голема рефлексија, а веројатно станува збор за мраз.
Зора е првата мисија која на 6 март влегува во орбитата на џуџеста планета. Претходно, истото вселенско летало го истражуваше џиновскиот астероид Веста цели 14 месеци (од 2011 до 2012 г.) и со тоа Зора станува првата мисија која орбитира околу два вонземски објекта.
На 6 јуни, леталото со помош на јонски погонски систем ќе пристигне на втората обележана орбита околу Церера и ќе остане на далечина од 4 400 км сè до 30 јуни. Потоа ќе се придвижи кон пониски орбити.
Превод: Дарко Рафаиловски
Извор: NASA