Збогум Месинџер

0

Научниците се збогуваа со вселенската сонда Месинџер откако таа се урна во Меркур. Сондата беше лансирана во 2006 г. со цел да собере детални податоци за најблиската планета до Сонцето. Ова вселенско летало траеше многу повеќе од предвидената една година. Месинџер собираше податоци цели четири години, што им овозможи на научниците уште подетално да ги откријат тајните на Меркур.

Сондата пристигна до Меркур во 2011 г. и оттогаш има направено преку 3000 орбити околу планетата. Траекторијата на Месинџер беше тешко да се одржува толку долго време затоа што Меркур има изразена елипсовидна орбита околу сонцето.

На 30 април 2015 г, по 21:26 централно еврпоско време, Месинџер го потроши горивото и се урна во Меркур со брзина од 14 000 км/ч создавајќи кратер со пречник од 16 метри. Овој кратер е многу мал за да се види од Земјта, а не може да се погледне ниту преку вселенскиот телескоп Хабл бидејќи тој ќе треба да се насочи кон Сонцето. Ова значи дека астрономите ќе може да го видат кратерот дури кога Европско-јапонската мисија БепиКоломбо ќе стигне до Меркур во 2024 г.

Иако носталгични, научниците потсетуваат за големиот придонес на Месинџер за вселенското истражување. Оваа сонда собра 250 000 слики од Меркур и 10 терабајти научни мерења, пронајде докази за постоење на замрзанта вода во сенките на кратерите на Меркур каде не допираат сончеви зраци и откри дека магнетното поле на Меркур отстапува од географскиот северен пол. Иако постоеше сомнеж дека Месинџер воопшто ќе успее да дојде до Меркур, тој сепак успеа да орбитира околу планетата цели четири години.

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: IFLS

Сподели.