За да се создаде живот од типот на овој на Земјата на некоја од далечните планети потребно е да постои вода во течна состојба, односно океани. Геолошките докази налагаат дека океаните на Земјата потекнуваат речиси од самите почетоци на нашата планета. Но, дали ова ќе биде случајот и на остнатите планети од типот на супер-Земји? Новите истражувања ја потврдуваат оваа теза и велат дека океаните на овој тип планети откако ќе бидат еднаш создадени, ќе траат милијарди години.
Иако водата зафаќа 70% од Земјата, во поглед на целосниот состав зафаќа значително помалку, односно околу 10%. Остатокот од нашата планета е претежно составен од железо и карпи. Сепак, водата на Земјата не се наоѓа исклучиво на површината. Постојат неколку подземни океани кои се заробени во внатрешноста како последица на тектонски промени. Дел од океаните на Земјата се исфрлаат назад кон површината преку вулканските ерупции. Понатаму, истата вода се рециклира и повторно се употребува.
Преку симулации се открило дека супер-Земјите, чии маси се од 1.5 до 5 пати поголеми од Земјата се уште поповолно место за создавање и одржување на океаните во споредба со нашата планета. Океаните на овие места би траеле по барем 10 милијарди години.
Според истражувањата на некои од поголемите супер-Земји, потребно е многу време за да се создадат океаните, па затоа научниците препорачуваат дека подобро е потрагата по живот да продолжи кај релативно постарите планети.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: Phys.org