Пронајден доказ за две нови неоткриени планети во нашиот Сончев систем

0
Пронајден доказ за две нови неоткриени планети во нашиот Сончев систем

Најдалечните од овие објекти на Сончевиот систем делат својство кое укажува на непозната планета.

Можноста на тоа планета да демне во надворешноста на Сончевиот систем има добиено нови основи, заради орбитите на скорооткриени објекти. Меѓутоа, има нов пресврт во доказите, со предлози за две големи планети на голема оддалеченост од Сонцето.

Потрагата по „Планета Икс“ после Нептун се случува веќе еден век. Во последно време беа откриени две џуџести планети, Седна и 2012 ВП113, со орбити кои се шират до стотици пати подалеку од Сонцето отколку нашата.

Колку и да се далечни орбитите, тие се преблиску за да бидат дел од Ортовиот облак, колекција од комети кои орбитираат на околу 5000 астрономски единици.

Наместо тоа, се мисли дека овие објекти се формирале во близина на Сонцето. Гравитациското влијание на голема планета е едно објаснување за како нивните орбити се промениле. Теоријата има свои проблеми – ако не можеме да објасниме како објекти како овие стигнале да орбитираат на такви далечини, тогаш еднакво нејасно е како теоретска планета би стигнала таму.

Забележана е неуредност во орбитите на најдалечните објекти на Сончевиот систем. Објектите во Кајперовиот појас, Седна и 2012 ВП113, имаат орбити чии агли во однос на рамнината на Сончевиот систем се различни (од рамни до стрмни).

Сепак, сите овие далечни објекти ја достигнуваат нивната најблиска точка до Сонцето кога се наоѓаат во рамнината на Сончевиот систем. Научниците не го сметаат ова за коинциденција и претпоставуваат дека најверојатно некоја планета влијае на нивните орбити.

Анализа на различни сценарија укажува дека има две транс-плутонски планети. Ако планетата „Икс“ постои, мора да биде по далеку од тие две планети. Потребната далечина за да биде досега непронајдена зависи од масата. Планета со два пати поголема маса од Земјата мора да биде оддалечена повеќе од 500 а.е. од Сонцето.

Сончевиот систем може да биде полн со многу невидени интересни работи. Најверојатно планетата која влијае на овие орбити е Нептун.

Ова прашање може и да бара пронаоѓање на нова голема планета за да се реши, па затоа неколку тимови ги имаат зголемено нивните обиди за наоѓање објекти од средна маса кои можеби им дејствува теоризираната планета и/или би докажале дека теоријата е грешна.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.