Астрономи пронашле мистериозен сигнал 240 милион светлосни години од Земјата

0
Заслуги: последниот поглед на Персеј кластерот од Чандра, каде што црвено, зелено и сино покажуваат ниско, средно и високо енергетски икс-зраци соодветно / Икс-зрак: НАСА/ЦХЦ/САО/Е. Булбул и др.

Заслуги: последниот поглед на Персеј кластерот од Чандра, каде што црвено, зелено и сино покажуваат ниско, средно и високо енергетски икс-зраци соодветно / Икс-зрак: НАСА/ЦХЦ/САО/Е. Булбул и др.

Астрономи откриле мистериозен сигнал во информации од икс-зраци од студија на галактички кластери и мислеле дека икс-зраците се произведени од распаѓањето на стерилни неутрина, вид честичка предложена како кандидат за темна материја.

Црната материја е 85% од материјата во универзумот, иако не емитува или апсорбира светлина како протони, неутрони и електрони – нормалната материја која ги содржи планетите и ѕвездите. Тоа е причината поради која научниците користат индиректни методи за да бараат траги од невидлива темна материја; нејзиното гравитациско дејство на движењето и изгледот на објекти како галаксии може да се пронајде.

Мистериозниот икс-зрак сигнал беше откриен во нова студија на галаксијата Персеј користејќи ја на НАСА Чандра икс-зрак Опсерваторија и 73 кластери со на ЕСА ХММ-Њутон. Персеј е еден од најмасивните објекти во универзумот кој содржи илјадници галаксии во облак од супер-затоплен водороден гас. На преку десет милиони степени Целзиусови, тој гас е доста топол да емитува икс-зраци. Горната слика од Персеј комбинира 17 дневна информација собрана преку една деценија.

„Ако овој сигнал бил предизвикан од познат елемент присутен во гасовите, би требал да остави други сигнали во икс-зрак светлината на други добро познати бранови должини, но ниедно од нив не биле снимени,“ Есра Булбул вели во Харвард-Смитсониан Центарот за Астрофизика во изјава за ЕСА.

Тој додава во изјава на НАСА: „Знаеме дека објаснувањето со темна материја е неверојатно, но би исплатило многу ако сме во право.“ Но се појавуваат многу несигурности: Пронаоѓањето на линијата на емитување ги притисна можностите на двете опсерватории и можно е дека нормална материја во кластерот можела да ја произведе линијата на емитување.

Работата е опишана во минатомесечното издание на Астрофизичкиот Журнал, иако Булбуловиот тим објави претпечатна верзија на АрКСив, јавно достапната датотека. Една недела откако се појави на интернет форумот, тим предводен од Алексеј Бојарски на Лаиден Универзитетот во Холандија објави научен труд каде пишува за доказите за емитувачка линија на истата енергија во ХММ-Њутновите опсервации на галаксијата М31 и надворешнините на Персеј кластерот – зајакнувајќи го доказот дека емитувачката линија е вистинска.

Нивниот следен чекор е да се комбинирааат информациите од Чандра со ЈАКСА Сузаку за да видат дали можат да го најдат истиот сигнал na икс-зрак. Ова е друг видик од Персеј, комбинирајќи информации од Чандра во внатрешните региони на кластерот и информации од ХММ во надворешните региони.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

Сподели.