Мистериозните молекули во просторот се именувани?

0
Мистериозните молекули во просторот се именувани?

Дифузни меѓуѕвездени низи – непознати отпечатоци во спектарот на далечни астрономски објекти. Заслуги: П. Џенискен, Ф.Х. Десерт

Добро чувана тајна е дека вакуумот на просторот технички не е вакуум. Силни ветрови создадени од експлозии на супернова туркаат материја во меѓуѕвездениот медиум, валкајќи го просторот со потешки елементи генерирани од нуклеарна фузија. Овие осамени молекули се сметаат за значителна количина од сиот водород, јаглерод, силикон и други атоми во Универзумот.

Иако овие молекули остануваат мистериозни, бидејќи не го знаеме нивниот хемиски состав или атомски конфигурации, веројатно тие се причина за дифузните меѓуѕвездени низи: непознати отпечатоци во спектарот на далечни астрономски објекти. Меѓутоа, ново истражување нуди возбудлива нова можност: овие мистериозни молекули можеби се силиконски јаглеводороди.

Истражувачите на Земјата би требало лесно да ги идентификуваат молекулите. Само мораат да демонстрираат кои молекули во лабораторијата апсорбираат светлина на истите бранови должини како дифузните меѓуѕвездени низи. Но, без разлика на децениите труд, идентитетот на молекулите останува мистерија.

„Ниедно не е дефинитивно означено како специфична молекула,“ вели ко-авторот Нил Рајли од Харвард-Смитсониан центарот за астрофизика во својата изјава.

Сега, Макјл МекКарти од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсон, Рајли и нивните соработници укажуваат на необичен комплет од молекули – силиконски терминирани низи од јаглеродни радикали како SiC3H, SiC4H и SiC5H како потенцијални близнаци на оние најдени во меѓуѕвездениот простор.

Истражувачите, меѓутоа, не беа во можност да ја креираат секоја спектрална линија на впивање (преку 400) одговорни за дифузните меѓуѕвездени низи. Тие сметаат дека подолги молекули во ова семејство на јаглеводороди со силикон ги предизвикуваат овие линии.

Заслуги: Д. Кокин, АСУ

Значи групата останува претпазлива. Во минатото, многу можности биле предложени за дифузни меѓуѕвездени низи, но ниедна не била докажана дефинитивно. И сигурно мораат да истражуваат повеќе пред да кажат со сигурност дека ги детектирале мистериозните интерстеларни молекули.

„Меѓуѕвездениот медиум е фасцинантна средина,“ изјави МекКарти. „Многу од нештата кои се доста достапни таму се навистина непознати на Земјата.“

Превод: Јован Милосковски

Извор: Universe Today

Сподели.