Не, огромен астероид НЕ е „на пат да го избрише животот на Земјата во 2880“

0

Астероидите се навистина кул научна појава.

Цртеж на  Stocktrek Images Inc./Alamy

Цртеж на Stocktrek Images Inc./Alamy

Еден од нив е и 1950 DA кој е во центарот на вниманието во последно време, бидејќи тим на научници кој испитуваше колку брзо ротира околу својата оска дојде до фасцинантно откритие: астероидот се врти толку брзо што би требало да се разлета на делови под дејство на сопствената центрифугална сила! Можеби ги замислувате астероидите како компактни, монолитни парчиња од карпи, но ние знаеме дека некои се „собрани купови”, збирови на помали карпи одржани заедно веројатно преку сопствената гравитација. Тие веројатно започнале како една целина, но повторувачките судири во текот на еоните ги ишарале со пукнатини, така што тие се повеќе наликуваат на гигантски вреќи полни со различни камења.

1950 DA e таков куп од карпи. Тој, исто така брзо ротира. Еден „ден” на астероидот трае само околу два часа. Тој е околу 1,3 километри по должина, што значи дека ако стоиме на неговиот екватор, гравитацијата која не влече надолу, држејќи не на површината, ќе биде малку помала од центрифугална сила која не исфрла кон надвор. Ќе бидеме лансирани во вселената!

Тоа би било чудно за една компактна карпа, но бидејќи 1950 DA не е компактна, тоа значи дека би требало да се разлета на парчиња. Бидејќи тоа не се случува, мора да има некои други сили кои ја држат во целина. Научниците шпекулираат околу тоа кои би можеле да бидат тие сили, што укажува на Ван дер Валсовата сила, комплициран ефект што може да се смета како електростатско полнење меѓу молекулите (иако ова е прмногу упростено објаснување на појавата). Оваа идеја датира од пред неколку години, но ова е прв пат таа да се изучува во детали конкретно на 1950 DA.

Учењето за астероидите е фасцинантно и научно важно, се разбира, но постојат и практични причини исто така: ако најдеме астероид кој можеби еден ден ќе ја погоди Земјата, ќе мора да се направи нешто за да се спречи тоа. Една идеја е да се погоди опасен астероид со вселенско летало со доволно сила за да се смени орбитата на астероидот. Физичките карактеристики на астероидот би одиграле голема улога во тоа; ако метален, карпест или куп од карпи ќе реагира различно на ударот. Што повеќе анализирани астероиди од типот на 1950 DA имаме, толку подобро.

Како што често се случува, 1950 DA е она што се нарекува „астероид во близина на Земјата”, бидејќи неговата орбита понекогаш го носи релативно блиску до Земјата. Би напоменале дека се мисли на близини на космичката скала. Гледајќи во текот на следните неколку децении, типичнен транзит е десетици милиони километри, со некои блиски како 5 милиони километри, што е сепак повеќе од 10 пати од оддалеченоста на Месечината! Сепак, тоа е во нашето соседство, што е една од причините овој астероид се изучува толку добро. Тој се доближува сосема доволно што ни дава можност за многу добар поглед на него за време на поминувањето.

Дијаграм на NASA/JPL

Дали тоа може да влијае на Земјата? Да, на одреден начин. Токму сега, орбитата на астероидот не се приближи доволно за да не удри. Но, постојат сили кои дејствуваат на астероидите со текот на времето кои суптилно ги менуваат нивните орбити. Еден од нив е наречен YORP ефект, слаба сила која се јавува како резултат на начинот на кој астероидот ротира и зрачи топлина. Инфрацрвените фотони кои ги емитира кога е топол креираат динамички моменти кои делуваат како мини ракетни мотори за насочување (т.н трастери). Во текот на многу години, ова може да ги промени и ротацијата на астероидот, како и обликот на неговата орбита.

1950 DA е своевиден исклучок. Имаме податоци кои датираат од пред многу децении (беше откриен во 1950) и исто така имаме радарски набљудувања направени во 2001 година, кои ни обезбедија многу прецизни мерења на позицијата. Ова овозможува орбитата на 1950 DA да се утврди со точност за многу подалеку во иднината отколку на повеќето астероиди. Минатата година, друг тим на научници погледна во ова. Тие придонеле за многуте мали ефекти кои влијаеле врз астероидот, вклучувајќи го и YORP ефектот, гравитацијата на планетите, тежината на другите астероиди и така натаму. Тие откриле дека веројатноста за удар во 2880 е за 2,48 x 10-4, што е околу 1 во 4000. Тоа е навистина мала веројатност.

Слика на Discovery Channel/Miracle Planet, модифицирана од Phil Plait

Превод: Боро Костевски

Извор: Slate

Сподели.