Пронајдена е роднина на Сонцето!

0
Пронајдена е роднина на Сонцето!

HD-162826

HD 162826 е создадена од истиот облак од кој потекнало и нашето Сонце. Ѕвездата која е за 15% поголема од Сонцето, може да се види и низ двоглед. Таа сигурно ќе биде цел на многу истражувања, чија цел е да се дознае повеќе за нејзината еволуција, а со тоа и за еволуцијата на Сонцето. Тие одговори индиректно треба да помогнат и во проучувањето на раниот Универзум.

Од самиот факт што ѕвездата е стара 4,5 милијарди години и составена од истиот материјал како и Сонцето, се поставува прашањето дали има живот на некоја од нејзините планети.

Уште при самото настанување на двата ѕвездени системи, кога постоела размена на материјал од протопланетарните дискови, можно е да сме го добиле животот (или некои клучни предиспозиции за него) од другиот ѕвезден систем. Сепак, сè уште нема никаков доказ за оваа интересна претпоставка.

До сега не се забележани планети во околината на HD 162826. Исклучени се големи планети со маса на Јупитер, додека можно е некоја помала да се измолкнала од радарот на астрономите.

Гаиа (Gaia) е една од помошните алатки во оваа мисија. Ова истражување е во тек уште од декември и ги проучува ѕвездите низ целиот Млечен Пат во три димензии. Интересно е што, кога ќе се откријат доволно сончеви „роднини“, нивните орбити ќе помогнат да се рекреира нивната почетна точка, а со тоа и местото во Универзумот каде што е создадено Сонцето.

Превод: Милан Велков

Извор:Universe Today

Сподели.