Според “Индепендент”, едно соопштение кое го издаде НАСА, направи вистинска збрка во научниот свет. НАСА внимателно издаде одобрение за нов тип на “невозможен” вселенски погон, кој би можел да доведе до револуција во вселенското патување.
Во научниот труд кој го објави Иглворкс лабораторијата на НАСА, инженерите потврдија дека успеаа да создадат мали количини на погон со помош на мотор, кој не користи никакво гориво – во прашање е наводно кршење на законот на физиката кој наведува дека секоја акција мора да има еднаква или спротивна реакција.
Традиционалните вселенски летала носат големи количини горива со себе во вселената, користејќи погон кој тој го создава за да се движат во просторот со нула гравитација.
Овој мотор работи без никакви проблеми, но цената на самото гориво и лансирањето на својот екстра товар е особено висока. Инженерите на НАСА тестираа мотор, познат како “Кана погон” – во прашање е машина која користи струја за да се генерираат микробрановите, одбивајќи ги внатре кон посебно дизајнираниот контејнер кој теоретски создава разлика во притисокот на електромагнетното зрачење, што за возврат доведува до потисок. Меѓутоа, се ова не би требало да биде во доменот на теоријата. Научниците на НАСА тестираа верзија од овој погон и открија дека тој може да создаде 30 и 50 микроњутни потисок, иако е во прашање мала вредност, сепак ова претставува големо достигнување.
Овој резултат е значително помал од оној до кој дојдоа кинеските инженери со изумот познат како – ЕмПогон. Во прашање е уште еден мотор, кој не користи погон.
Овој мотор доби поддршка, но и сомнежи од тие кои скептично гледаат на тврдењата дека тој наводно ги крши законите на физиката.
Затоа и не чуди што НАСА се обидува своите позитивни резултати да ги претстави што пообјективно, но нејзините инженери не се обидуваат да го објаснат начинот по кој механизам работи. Поради тоа, ова известување звучи како да е од некој научно – фантастичен филм.
И покрај многубројните експерименти кои потврдуваат дека овие “невозможни “ погони работат, и понатаму постои доволно простор за можна грешка, а создавањето на физички вакум потребно за спроведување на тестови може да предизвика голем број на проблеми.
Ангажирањето на НАСА на вакви проекти не е гаранција за успех, но покажува дека научниците доста сериозно ја сфаќаат можноста за “невозможни” мотори.
Превод: Петар Ивановски
Извор: Индепендент