Глобална мрежа која наслушнува за траги од тестирања на нуклеарни оружја, забележала 26 експлозии во периодот од 2000 до 2013-та година кои не биле предизвикани од нуклеарни експлозии, туку од страна на астероиди кои биле распрскани во Земјината атмосфера.
Само еден од нив, познатиод удар во 2013 година над Челабинск, Русија, предизвикал пошироки повреди и штети на површината, но ова изучување треба да биде алармантен потстетник дека можеби среќните денови на Земјата се одбројани.
„Иако повеќето од овие судири се премногу мали и на превисоки локации за да предизвикаат голема штета, сепак укажуваат дека доволно голем астероид, кој би можел да уништи еден град, има голема веројатност да се појавува, отприлика на секој век“, вели Ед Лу, бивш астронаут на НАСА кој сега ја надгледува Б612 Фондацијата за ловење на астероиди.
„Постои популарна заблуда дека ударите од страна на астероиди се екстремно ретки — периоди од милиони години помеѓу големи астероидни објекти — а тоа е грешна претпоставка. Ние веруваме дека доколку ги видиме и мапираме овие феномени, ваквиот тип на информации ќе помогнат кон вистинкиот одговор на оваа тема“, вели Лу.
Б162 Фондацијата, која е именувана според фиктивната планета во книгата „Малиот Принц“, планира да лансира телескоп до 2018-та година со цел да истражува и забележува потенцијално опасни астероиди, како што на пример претставуваше астероидот со сила од 600 килотони на енергија во Челабинск. При овој удар, повеќе од 1000 луѓе беа повредени од излетаното стакло и остатоци. Како за споредба, атомската бомба која беше фрлена врз Хирошима во 1945 година, имаше енеригја, при судир, од 15 килотони.
За време на почетните 5.5 години од работење на Б612 Телескопот, наречен Сентинел, би требало да се пронајдат 90% од близу-Земјените астероиди.
Астероидите кои се со големина помеѓу 40 и 45 метри во дијаметар, се оние кои имаат потенцијал целосно да уништат град.
„Сценариото во Челабинск ни воочи дека дури и астероидите со дијаметар од 20 метри може да имаат значителни ефекти. Опсегот за големината за т.н „убиец на градови“ почнува да се намалува“, вели Лу.
„Податоците кои досега ги имаме се на ивица за тоа што претставува доволна големина за да се уништи еден град, но тоа не е ни главната цел… Дали овие работи се случуваат еднаш во еден век или на секои 80 или 150 години, ќе дознаеме со испраќањето на Сентинел телескопот.“
Според Лу она што е важно е фактот дека луѓето мора да разберат дека овие настани не се случуваат еднаш во милион или 50 милиони години и тие не се екстремно ретки.
Извор: Discovery
Превод: Бојан Андоновски