Денот кога Земјата се насмевна

0

На тој ден Земјата се насмевна исто како секој друг ден… но тогаш, на 19 јули 2013 бевме обединети по еден повод во ист момент да бидеме едно со Универзумот, Планетата и секое суштество на неа да го прославиме напредокот во науката и знаењето, нашето спознавање на космосот. Да ја прославиме просветата преку разум додека ја запознаваме природата за да можеме полесно да се разбереме себе си и нашата смисла на овој наш трошен свет.

Стоејќи покрај аквадуктот од 6-ти век, чекајќи го моментот да дојде да направиме една несекојдневна фотографија со сите останати на оваа планета, знаевме дека ќе бидеме дел од нешто фасцинантно, нешто преубаво што воопшто не ни можело да биде замислено за нашите предци кои со еднаков занес им се воодушевувале на ѕвездите.

Благодарност до членовите на Скопско астрономско друштво за учеството. Исто така би сакал да се заблагодарам на Станко Неделковки за професионалниот пристап кон овој проект и добивање на висококвалитетна фотографија.

Особена заслуга и благодарност кон Др. Каролин Порко за осмислување на целиот концепт „Денот кога Земјата се насмевна“, која воедно и дојде до идеја да при овој несекојдневен потфат да се претвори во светска манифестација.

http://carolynporco.com
http://ciclops.org

Автор: Kристијан Шишковски

Сподели.