Космолозите утврдија дека поголемиот дел од материјата во универзумот е составена од темна материја, мистериозна, невидлива супстанца која неможе директно да се детектира но директно влијае на гравитацистото привлекување на околните тела. Се претпоставува дека темната материја постои во огромна мреза од нишки низ универзумот, држајќи бројни галаксии во интерконектирана мрежа од кластери, испрекинати со празни пукнатини.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија ги имаат измерено овие космички пукнатини и нишки за прв пат.
Гравитациското закривување, малите дисторзии на слики од далечни галаксии причинето од материјата која се испречува на патот на светлината од таа галаксија, им дозволува на научниците да ги мерат галаксиите преку мерење колку нивната светлина се закривува. Пукнатините, од друга страна, се огромни празни пространсва во универзумот со едвај некоја видлива галаксија – поставување кое го прави мерењето на нивните компоненти преку закривувањето многу потешко.
Додека галаксиите и нишките имаат повеќе маса од просечните региони во универзумот, пукнатините имаат помалку маса од просечната. Овој дисбаланс на дистрибуцијата прави да материјата брзо се движи подалеку од пукнатините и кон концентрациите на маса долж космичките нишки меѓу нив.
Ова значи дека пукнатините се однесуваат како тело со ефективна негативна маса, така што дури светлината се одбива од нив. Тие се однесуваат грубо како конкавни леќи, спротивно на големите галаксии, кои се однесуваат како конвексни леќи.
Овие мерења се одлично откритие, бидејќи теориските студии предвиделе дека ќе треба да се чека уште доста време за да се конструираат многу поголеми истражувања кои моментално не се возможни за да се детектира закривување од овие космички пукнатини.
Иако густината на оваа материја е помалку од просечната, некако изненадувачки е тоа што нишките не се така празни како што дистрибуцијата на галаксиите налага. Густината на центарот од типична нишка е околу половина од средната густина во целиот универзум, но тоа сеуште ги остава нишките со енормен дефицит на маса, околу илјада трилиони пати по масата на сонцето.
Извор: phys.org
Превод: Марко Шунтов