NEOWISE пронајде „чудна” комета

0
Инфрацрвена слика од кометата

Инфрацрвена слика од кометата

Мисијата на НАСА, NEOWISE, предтоа позната по името WISE, ја пронајде првата комета во нејзината ловечка кариера на астероиди и комети. Според научиците на мисијата, пронајдената комета е малку чудна.

Во својот претходен живот, сондата WISE го скенираше небото во инфраред. Со оваа сонда се пронајдоа најлданите ѕвезди во галаксијава, најзрачните галаксии во универзумот и најтемните астероиди кои се криеа во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

Откако ја потроши залихата на течности за ладење која беше потребна за заштита на механизацијата сопствената топлина, во 2011 WISE беше ставена во состојба на хибернација. Сондата беше разбудена претходната година со ново име и со нова задача, да лоцира непознати објекти со орбити во близина на земјата.

До ден денес пронајдени се неколку астероиди, а на 14 февруари ја пронајде првата комета.

„Ние сме среќни што успеавме да го пронајдеме овој замрзнат посетител од најдалечните крајишта од сончевиот систем” изјави Ами Маинзер, истражувач во ЈПЛ. “Оваа комета е малку чудна, таа има ретроградна орбита што значи дека нејзината орбита е во спротивна насока со Земјата и со другите планети во сончевиот систем”.

Со назнака С/2014 Ц3, на сликата погоре кометата се наоѓа на одалеченост од 230 милиони километри. Тоа е 585 пати повеќе од далечината до месечината или пак растојанието од Земјата до Марс. Опашката на кометата е на десно од сликата и е со големина од 40.000 километри.

Генерално кометата С/2014 Ц3 беше забележана 6 пати пред да избега од обсегот на сондата. Кометата има високо екцентрична 20-годишна орбита која ја носи високо над сончевиот систем па се до позади Јупитер. Орбитата на оваа комета не се сече со орбитата на Земјата, а поради тоа што орбитата е голема, кометата неможе да се класифицира како близок објект до земјата. Но сепак е убаво да се знае дека NEOWISE се грижи за нас.

Извор: Universe Today

Превод: Андреј Костовски

Сподели.