JUMBOs – новото фасцинантно откритие на Џејмс Веб вселенскиот телескоп

0

Доколку сте љубител на астрономијата голема е веројатноста дека во последниве неколку месеци сте слушнале за новото (уште едно од многуте) чудно откритие на Џејмс Веб (James Webb) вселенскиот телескоп. Овојпат станува збор за откривањето на двојни небесни објекти со маса слична на планетата Јупитер (Jupiter-mass binary objects- JUMBOs), така наречени непринципиелни планети бидејќи со своето лебдење во парови низ меѓуѕвездениот простор ги кршат познатите закони на физиката. Научниците сè уште не знаат како настанале овие планети и зошто постојат како такви.

Бинарните објекти со маса на Јупитер се видени во небулата Орион и досега се откриени 42 парови. Секој од овие парови орбитираат околу себе на растојание 390 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.

Вакви планети- скитници низ вселената не се сами по себе невообичаени. Постојат теории дека и во нашиот Сончев систем имало џиновска планета која под влијание на Јупитер била исфрлена во вселената. Можат да настанат со исфрлање на планетата од нејзиниот соларен систем. Ѕвездените бинарни системи исто така не се невообичаени. Но тука станува збор за комбинација од бинарен систем од две планети, па дури и системи од три планети. 9% од откриените планети (вкупно околу 500) во небулата се вакви системи. Она што е невообичаено е големиот број на вакви релативно мали објекти кои наместо да орбитираат околу некоја ѕвезда тие орбитираат околу себе во парови. Веројатноста две орбитирачки планети да бидат исфрлени во вселената и нивната врска да остане непрекината е премногу мала за еден, а дотолку пак за вака откриениот голем број на бинарни објекти JUMBO. Научниците сугерираат дека најверојатно станува збор за некој нов, досега непознат механизам за исфрлање на планета во вселената.

jumbos

Слика од небулата Орион

Небулата Орион, каде што се направени овие откритија е регион на формирање на ѕвезди оддалечен околу 1 344 светлосни години од Земјата. Набљудувањата направени од претходно најавиле дека во небулата има и некои чудни објекти што не се ѕвезди, и со насочување на моќниот Џејмс Веб телескоп кон Орион истите конечно се забележани.

Истражувањата заклучуваат дека чудните објекти се гасовите планети, прилично млади (околу милион години) и температура околу 700 Целзиусови степени. Веројатноста да се создадат парови на планети со големина на Јупитер во облак за раѓање на ѕвезди е многу мала и постои можност тие да претставуваат нова категорија на пропаднати ѕвезди мистериозно станувајќи толку мали.

Некои работи во универзумот се толку неверојатни, што навистина не би требало да постојат. Ваков пример се и новооткриените JUMBO објекти кои веројатно постојат надвор од Орион небулата но поради релативно малата големина досега не се откриени. Ова откритие ги доведува до прашање постоечките теории за создавање на ѕвезди и планетарни систем и можноста за постоење на некоја трета досега непозната теорија која ќе понуди можноста за дури и подобро разбирање на светот во којшто живееме.

Превод: Сања Павлова

Извор: НАСА

Сподели.