Нова експлозија – “нова ѕвезда” во Северната круна

0

Еден двоен ѕвезден систем, кој се наоѓа на 3 000 светлосни години од Земјата, се предвидува наскоро да биде видлив со голо око. Ова може да биде можност да се види еднаш во животот, затоа што се случува на секои 80 години.

T Coronae Borealis или T CrB последен пат експлодирал во 1946 година и астрономите веруваат дека ќе го направи истото помеѓу Февруари и Септември 2024 година. Ѕвездениот систем, кој обично има магнитуда +10 и е премногу слаб да се види со голо око, ќе скокне на магнитуда +2 за време на настанот, односно експлозијата, Што ќе биде со слична сјајност како поларната ѕвезда, Северница.

Откако ќе ја достигне највисоката сјајност, би требало да биде видлива со голо око неколку дена и малку повеќе од една недела со двоглед пред повторно да се замрачи. Додека ја чекаме експлозијата, запознајте се соѕвездието Корона Бореалис или Северната круна – мал, полукружен лак близу соѕвездието Волар и Херкул. Тука ќе се појави како “Нова” светла ѕвезда.

Оваа повторувачка експлозија или Нова, е само една од петте во нашата галаксија. Ова се случува бидејќи T CrB е двоен ѕвезден систем со бело џуџе и црвен џин. Ѕвездите се доволно блиски, што кога црвениот џин станува нестабилен од неговата зголемена температура и притисок и почнува да ги исфрла своите надворешни слоеви, белото џуџе ја собира таа материја на својата површина. Густата атмосфера на белото џуџе на крајот се загрева доволно за да предизвика термонуклеарна реакција – која ја произведува експлозијата, односно новата која ја гледаме од Земјата.

Видео:  Аред – џиновска ѕвезда и бело џуџе орбитираат една околу друга во оваа анимација на нова. Црвениот џин е голема сфера во нијанси на црвена, портокалова и бела боја. Белото џуџе е скриено во светол сјај на бела и жолта боја, кои претставуваат акреционен, насобирачки диск околу ѕвездата.

Поток од материја, прикажан како дифузен облак во црвено, тече од црвениот џин кон белото џуџе. Анимацијата започнува со црвениот џин од десната страна, кој го коорбитира белото џуџе. Кога црвениот џин ќе дојде позади белото џуџе, белото џуџе ќе започне нова експлозија, исполнувајќи го екранот со бела светлина. Откако светлината ќе исчезне, топка од исфрлен материјал е прикажана во бледо портокалова боја. Една мала бела точка останува откако ќе се расчисти маглата од материјал, што укажува на тоа дека белото џуџе ја преживеало експлозијата.

Ткор б 2

Концептуална слика за тоа како да го најдете соѕвездието Херкулес и неговите ѕвездени јата на небото, создадени со користење на софтвер за планетариум. Во текот на летните месеци, погледнете по зајдисонце да го најдете Херкулес.

Гледајде кон Вега и Арктурус, во близина на Корона Бореалис.Откако ќе ги најдете ѕвездите, користете двоглед или телескоп за да ги пронајдете ѕвездените јата М13 и М92. Ако уживате во погледот на овие ѕвездени јата, имате среќа – барајте уште еден голем топ од ѕвезди М3 во близина на соѕвездието Волар.

Превод: Маца Николова

Извор: blogs.nasa.gov

Сподели.