Дали живееме во Универзум или Мултиверзум?

0

Ве покануваме на предавањето во вторник на 09.05.2023 година во 19:00 часот во амфитеатарот на Електо факултетот (ФЕИТ). Предавањето ќе го одржи проф. д-р. Златко Василоски, кој е автор на книгата Мултиверзум за почетници, на која се базира предавањето со наслов „Дали живееме во Универзумот или Мултиверзумот“. Книгата ќе биде претставена на предавањето, а заинтересираните ќе можат да ја купат. Предавањето е бесплатно.

мултиверзум 1 Повеќе за авторот на книгата и предавачот:

Златко Василкоски студираше математика и физика на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје. По дипломирање на факултетот по физика, тој ги продолжи студиите во САД, каде што магистрира и докторира физика на Универзитетот Тафтс. Тој на својата докторска теза работеше со Дејвид Вијвер (1937-2006) и Мартин Карплус (1930) и нивниот модел за механизмот на свиткување на протеините. Придонесот на Карплус кон анализата на комплексни системи како протеините беше една од причините за што тој ја доби Нобеловата Награда за хемија во 2013 година. Тој воедно е и најпознатиот жив хемичар на денешницата.

Златко Василоски

проф. д-р. Златко Василоски

По докторирањето, Златко Василкоски помина 8 години на пост-докторски истражувања на МИТ, Нортистерн и Харвард, во областа на компјутерската физика и неврологијата. Тој, исто така, работеше една година на одделот за когнитивни и невролошки системи на Бостонскиот универзитет, местото каде што многу од аспектите на вештачките невронски мрежи беа измислени.
Златко Василкоски во моментов ја води групата за вештачка интелигенција во компанијата EBSCO. Во 2012 година тој го разви наставниот план за курс за анализа на податоци со вештачка интелигенција на Бостонскиот универзитет кој сè уште го предава. Неговата екстензивна настава по математика и физика ги вклучува универзитетите Тафтс, МИТ, Сафолк и Бентли. Слободното време, тој го поминува во играње шах, скијање и веслање на реката Чарлс во Бостон.

Сподели.