Она што се сметаше за најблиска црна дупка до Земјата – воопшто не е црна дупка

0

Станува збор за дискутабилен систем кој содржи поголем број ѕвезди и е алка која недостасува во ѕвездената еволуција.

crna d

Ѕвездениот систем ХР 6819 (илустрација) воопшто не содржи црна дупка, како што беше претходно објавено, туку две сини ѕвезди од кои што едната неодамна извлекувала гас од другата. L. CALÇADA/ESO

Најблиската црна дупка до Земјата – воопшто не е црна дупка. Наместо тоа, она што научниците претпоставуваа дека е ѕвездено трио кое го сочинуваат две ѕвезди и една црна дупка – всушност се еден пар ѕвезди фатени во еден специфичен стадиум на еволуција.

Во текот на мај 2020г., тим од астрономи извести дека ѕвездениот систем ХР 6819 веројатно се состои од една светла, масивна ѕвезда заробена во тесна 40-дневна орбита заедно со невидлива црна дупка која не се храни и дополнително со втора ѕвезда која орбитира на поголема далечина. На оддалеченост од приближно 1000 светлосни години од Земјата ова би била најблиску поставената црна дупка до нас. (SN: 5/6/20) Но, во текот на следните месеци други тимови ги анализирале истите податоци и дошле до поинаков заклучок: системот се состои само од две ѕвезди, а црна дупка не постои.

Сега, првиот тим научници, заедно со еден тим од нивни следбеници, со здружени сили и со користење на помоќни телескопи со кои се прибираат поинаков тип податоци, започнале повторно да го набљудуваат ХР 6819. Новите податоци даваат можност да се раcпознаат многу попрецизни детали на небото, овозможувајки им на астрономите дефинитивно да видат од колку објекти се состои системот и за каков вид објекти станува збор – известуваат тимовите во мартовското издание на “Astronomy & Astrophysics”.

“Конечно, бинарниот систем најдобро објаснува сé” – вели астрономот Ебигејл Фрост од КУ Лувен во Белгија.

Претходните опсервации го прикажаа ХР 6819 како една целина, при што астрономите не можеле да ги разликуваат ниту објектите во системот, ниту пак да ја одредат нивната маса. За да ја утврдат вистинската природа на ХР 6819, Фрост и колегите се упатија кон ВЛТA (Very Large Telescope Array), т.е. кон мрежата од четири меѓусебно поврзани телескопи во Чиле, кои во основа даваат можност ѕвездите да бидат видени поединечно.

“Тоа ни овозможи дефинитивно да го раздвоиме тој оригинален сигнал, што е од огромно значење за да се одреди точниот број на ѕвезди во системот и дали една од нив е црна дупка” – вели Фрост.

Научниците сметаат дека една од ѕвездите е масивна светла сина ѕвезда која исцрпувала материјал од подуената атмосфера на нејзината придружна ѕвезда. Сега, таа придружна ѕвезда има само незначителна атмосфера од преостанати гасови. “Главниот животен век на оваа ѕвезда е веќе изминат, но бидејки нејзината надворешност веќе не постои и вие го гледате само нејзиното оголено јадро, па така таа има слична температура, сјај и радиус како млада ѕвезда” – вели Карим Ел-Бадри, астрофизичар при Харвард-Смитсон Центарот за Астрофизика во Кембриџ, Масачусетс. Ел-Бадри не бил инволвиран во новото истражување, но тој во 2021г. сепак сугерирал дека ХР 6819 е бинарен систем.

Бојата на јадрото и сјајот на исцрпената ѕвезда може да ги прелажат астрономите при проучување на постарите податоци да помислат дека се работи за млада ѕвезда со 10 пати поголема маса. На почетокот се чинело како оваа ѕвезда да орбитира околу нешто масивно, но невидливо, т.е. црна дупка.

Откако истражувачите ги разоткрија деталите за системот, тие утврдија дека овој систем е уникатен, откривајки им на астрономите одредена фаза која претходно не била видена кај системите со масивни ѕвезди. “Тоа е алката која недостасува во еволуцијата на бинарните ѕвезди”, вели астрофизичарот Максвел Мо од Универзитетот Аризона во Тусон, кој исто така не бил дел од новата студија.

Астрономите со години посматрале бинарни системи каде една ѕвезда активно извлекува гас од другата, а исто така проучувале и системи во кои ѕвездата донор е само соглено ѕвездено јадро. Но, во случајот на ХР 6819, ѕвездата донор престанала да дава материјал на другата. “Таа сé уште поседува сосема малку од преостанатата обвивка, но сепак се контрахира со голема брзина, еволуирајки кон тоа да биде само преостанато јадро,” вели Мо.

Фрост и нејзините колеги користејки го ВЛТ (Very Large Telescope Array) гo посматраат  системот ХР 6819 подолго од една година со цел прецизно да го следат движењето на ѕвездите. “Ние навистина сакаме да разбереме како индивидуално се однесуваат ѕвездите во системот” вели таа. Потоа тимот ќе ги користи тие податици во компјутерски симулации на еволуција на бинарни ѕвезди. “Возбудливо е што сега имаме систем кој ќе можеме да го користиме како камен-темелник за да го истражуваме ова многу подетално,” вели Фрост.

Иако системот ХР 6819 не содржи црна дупка која би била најблиску до Земјата, се чини дека сепак има нешто многу позначајно за астрономите.

Преведувач: Миро Брандјолица

Извор: sciencenews.org

Сподели.