Најчесто поставуваните прашања до тимот на ЛРОЦ (Lunar Reconnaissance Orbiter Camera) пред лансирањето се, што ќе видиме на местото каде што е слетан Аполо? Дали би ја виделе фазата на спуштање од Месечевиот Модул (Lunar Module) и роверите?
Дали ќе ги видиме трагите од движење на роверот или знамето на Америка? Колку што знаеме, сликите од НАЦ (Narrow Angle Cameras) камерите со тесен агол, јасно ги покажуваат сите наведени објекти (линк некојси подолу). Лично јас бев изненаден од тоа што знамињата успеале да ги преживеат ултравиолетови зраци и температурите на месечевата површина, но сепак успеале. Како изгледаат е сосема друго прашање (линк). На оваа страна стојат опфатно резимирани повеќе записи за знамињата од Аполо: https://www.hq.nasa.gov/alsj/ Почетната слика е направена рано за време на мисијата и е со најдобар поглед кон американското знаме, затоа што леталото е усмерено кон осветлениот дел на знамето, а сонцето е доволно долу (56° агол на инциденца) така што фрла јасни сенки. На сликите од ЛРОЦ сега јасно се гледа дека американските знамиња сè уште стојат и фрлаат сенка на местата каде што се поставени, освен на местото на Аполо 11. Астронаутот Баз Oлдрин изјавил дека знамето било оддувано од издувот од моторот при одвојувањето на Аполо 11 од месечевото тло и изгледа бил во право! Најубедлив начин да се види дека знамињата сè уште се таму, е да се види серија од сликите на ЛРОЦ направени во различни периоди од денот и да се види како сенката кружи околу знамето ( видете го видеото подолу, знамето е точно над ЛМ во фаза на спуштање)Видете го местото на слетување на Аполо 16 во целосна резолуција од НАЦ подолу. Верзијата со целосна резолуција серијата за Аполо 12 е достапна oвде.
Превод: Миро Брандјолица
Извор: www.lroc.asu.edu