Астрономите откриваат дека мистериозната ѕвезда со вонземјанска мега структура не е сама

0

Штотоку е пронајден доказ кој може да помогне да се реши мистеријата за чудното затемнување на една ѕвезда. KIC 8462852, позната и како ѕвездата на Бојаџин , веројатно има  бинарен сопарник, кој што можеби придонесува за нерегуларните затемнувања на ѕвездата.

Ако се потврди со подетални обсервации, ново откриената ѕвезда ќе помогне да се реши мистеријата на KIC 8462852.

таби

Заслуги: Pearce et al., arXiv, 2021

Ѕвездата беше откриена во 2015 од страна на астрономот Табета Бојаџин ( затоа и претходното име на оваа ѕвезда беше „ѕвездата на Таби“), и од тогаш е вистинска загатка. Таа е жолто – бела ѕвезда одлаечена 1470 светлосни години, и продолжува да се затемнува драстично. Нема ни регуларност во периодите на затемнување, ниту на јачината на затемнувањето- некои затемнувања биле дури 22%.

Ова однесување ги исфрла планетите како можно решение- кога егзопланета ќе помине помеѓу таа звезда и земјата, таа ѕвезда ќе се затемни многу малку- околу 1%- во регуларни интервали

Понатаму, кога Бојаџиевата звезда се затемнува , некои бранови должини се блокирани повеќе од останатите. Поради ова , причинтиел не може да биде некој цврст објект (како вонземјанска мега струкутура,  која била теоризирана во 2016) , бидејки тој би ги блокирал сите бранови должини подеднакво.

Досега, најверојатното објаснување изгледа дека е оптички тенки распаднати материјали и прашина , веројатно од распаднати планети или комети кои орбитираат по ексцентрични орбити, во комбинација со нормални варијации во светлината од самата ѕвезда.

Присуството на бинарна ѕвезда придружник која орбитира по широка орбита може да го објасни присуството на сиот овој материјал, обезбедувајќи дополнителни гравитациски пертурбации кои ги нарушуваат орбитирачките тела.

Уште од 2016, тим од астрономи предводени од  Логан Пирс од Унивезритетот на Ариозна се обидуваат да ја потврдат потенцијалната поврзаност на блиска ѕвезда до KIC 8462852. Нивниот труд е прифатен од The Astrophysical Journal.

Тежината на мерењото на вселената во три димезнии е тоа што го прави ова истражуање толку тешко. Ѕвездите кои изгледаат блиску една до друга може да бидат многу различно одалечени од наблудувачот. Па затоа Пирс и неговиот тим користеле петгодишни наблудувања за да направат прецизни мерења на темната ѕвезда која се чини дека е блиску до  KIC 8462852.

„Во овој труд користиме три епохи на астрометриски податоци на Keck/NIRC2 собирани повеќе од  5 години , за да го провериме статусот на блискиот придружник на KIC 8462852 и да покажеме дека тие се пар со постојано правлино движење, гравитациски врзани во бинарен систем“ – изјави тимот во својот труд.

Како дополнување на обсервациите на обсерваторијата Кек, 2020 то- издание на астрометриски податоци од сателитот Гаја – најкомплетната и најпрецизна 3Д мапа на млечниот пат – исто така ја вклучувала и темната ѕвезда, со мерења кои се совпаѓале со оние на тимот.

Двете ѕвезди се одлачени 880 астрономски едници. Бојаџиевата ѕвезда, или KIC 8462852 или А, е поголемата ѕзвезда, со околу 1,36 пати помасивна и 1,5 пати поголема од нашето сонце. Сопарникот 8462852 B, е црвено џуџе, со маса 0.44 пати од онаа на нашето сонце и големина околу 0.45 пати.

Со толку широка орбита, KIC 8462852 B најверојатно нема да има директен ефект на јачината на светлината на KIC 8462852 A. Но можеби има улога во флуктуациите на поголемата ѕвезда, изјавија истражувачите.

„Бинарниот сопарник можеби ќе влијае на еволуцијата на системот во долг рок“-извадок од нивниот труд

Научниците имаат  претходно откриено  дека  одалечени бинарни ѕвезди можат да бидат турнати од поголеми гравитациски сили за да се доближат многу блиску до нивниот заеднички центар на маса, повеќепати во период околу 10 милијарди години.

За возврат, ова може да доведе до нарушување на планетите и други мали орбитирачки објекти кои се ратсегнати и распарчени од гравитациските сили, резултирајки со облаци од остатоци.

Ова сценарио допрва трба да се докаже. Со толку голема сепарација, двете ѕвезди би имале екстремно долги орбити, но обсервациите не се доволни  да ги карактеризираат. KIC 8462852 B  може да биде ѕвезда која била исфрлена од системот, или двете ѕвезди можеби се членови на ко-движечка орбита.

Истражувачите веруваат дека бинарен систем е најверојатното објаснување за нивните мерења, но потребни се идни попрецизни мерења за подобро разбирање на оваа ситуација. Ова може да помогне за да се свати улогата на KIC 8462852 B, во промената на јачината на светлината на другата ѕвезда.

Но , за сите обожувачи на мистеријата, немојте да се плашите. Има други ѕвезди кои чудно се затемнуваат, вклучувајќи и ѕвезда за која нејзиниот бинарен сопарник е веќе вклучен во пресметките, како и јато од 21 ѕвезда кои можеби се уште почудни.

Истражувањето на тимот е прифатено во The Astrophysical Journal, и е достапно на arXiv.

Превод : Христијан Петрески

Извор : sciencealert.com

Сподели.