Што треба да знаете за новиот брзо ширечки сој на коронавирусот во Обединетото Кралство?

0

Нов сој на коронавирус именуван B.1.1.7 неодамна се прошири низ југоисточна Англија што доведе до заострување на мерките за заштита во регионот. Иако сè уште не ни се познати сите детали, експертите се сè повеќе се убедени дека овој сој се шири многу полесно во однос на останатите.

Што представува новиот сој?

Сојот B.1.1.7 е варијанта на вирусот SARS-CoV-2 кој според Science Magasine има 23 мутации од кои 8 на шилестиот протеин кој вирусот го користи за да влезе во човечките клетки.

Од каде се појави?

Според Светската здравствена организација за прв пат бил детектиран на 21 септември во областа Кент во Англија од каде во ноември започнал да се шири. Од тогаш, според Светската здравствена организација, овој сој е најзастапената варијанта на вирусот во Англија со над 50% кај ново детектираните случаи меѓу октомври и 13 декември.

virus mutacija

Вирус од фамилијата коронавируси (Callista Images/Getty Images)

Според Science Magasine, некој научници сега веруваат дека вирусот можеби мутирал во личност која имала нарушен имун систем поради тоа што за разлика од грипот, новиот коронавирус може да се корегира при репликација резултирајќи со стабилен геном. Во одредени трудови е веќе покажано дека лугето со ослабен имун систем, поради тоа што земаат имуносупресивни лекови или се лекуваат со хемотерапија, може да носат инфективни вирусни честички со месеци. Ова му дава на вирусот многу шанси за развој на мутации кој ќе му помогнат да се реплицира или да се справи со имуниот систем.

Што прават овие мутации?

Сè уште не сме сигурни. Вирусите мутираат цело време и повеќето од овие промени немаат влијание врз смртноста или инфективноста. Во овој случај, можеби некои од мутациите воопшто и не влијаат на функцијата на вирусот. Но три конкретни мутации ги загрижуваат експертите.

Една од нив, која представува бришење на две амино киселини кај шилестиот протеин позната како 69-70Delta била за прв пат детектирана кај пациент кој примал имуносупресивни лекови. Пациентот примил remdesevir, ковалесцентна плазма и неутрализирачки антитела но сепак починал по неколку месеци. Вирусот кај пациентот оригинално не ја имал оваа делеција и ја стекнал за време на неколкуте месеци, вели група на истражувачи во својата пред-печатена верзија на артикл објавена на 19 декември на датабазата medRiv која допрва треба да подлежи на независна рецензија.

Авторите се сомневаат дека до промената дошло поради предноста на мутираниот вирус при избегнувањето на имуниот систем. Уште еден проблем поврзан со оваа делеција е и тоа што може да предизвика лажно негативни резултати кај еден од PCR тестовите, односно кај оние кој се насочени исклучиво кон S генот. Сепак повеќето PCR тестови се насочени кон три различни региони на шилестиот протеин и оваа мутација нема да има влијание врз нив, вели Светската здравствена организација.

Според Центарот за спречување и контрола на заразни болести на САД, друга мутација наречена N501Y представува промена кај клучните аминокиселини кои се дел од таканаречениот рецептор-врзувачки домен на шилестиот протеин. Аминокиселината аспаргин е заменета со тирозин во делот на вирусот кој се врзува за ACE2 рецепторот на човечките клетки. Според студија од септември објавена во журналот Cell оваа варијанта на вирусот постабилно се врзува за ACE2 рецепторот во однос на другите.

Многу примероци на SARS-CoV-2 од Јужна Африка и Австралија се позитивни на оваа мутација. Но, тестовите сугерираат дека јужно афричката варијанта и онаа во Обединетото Кралство со оваа мутација засебно еволуирале. Засебните еволуции на мутацијата сугерираат дека таа му дава еволутивна предност за вирусот.

Третата сомнителна мутација е P681H која исто така е во рецептор-врзувачкиот регион на шилестиот протеин. Според прелиминарните информации објавени од Конзорциумот за геномика на COVID-19 во Обединетото Кралство оваа мутација е веднаш до „фуринското место на пресек“ каде шилестиот протеин мора да биде пресечен за вирусот да навлезе во клетката, пренесува Science Magasine.

Дали полесно се шири?

Да. Во студија на Центарот за математичко моделирање и инфективни болести (CMMID) во Обединетото кралство која допрва треба да подлежи на независна рецензија, експертите сметаат дека новата варијанта е меѓу 50% и 74% попренослива од другите доминантни соеви. Светската здравствена организација предвидува дека ова ќе го зголеми основниот број на репродукција – R, кој изразува колку луѓе може една инфицирана личност да зарази, за 0,4.

Врз основа на модели за тој раст, до средината на Јануари овој сој може да е одговорен за 90% од сите COVID-19 случаи во Лондон, источна и јужна Англија.

Дали е посмртоносен?

Сè уште не се знае, но експертите сметаат дека не е. Сепак, доколку се шири побрзо и полесно ова би значело дека повеќе луѓе ќе бидат хоспитализирани. Штом болниците се преполни, квалитетот на негата за најболните пациенти ќе опадне што може да доведе до поголема смртност.

Студијата на CMMID  исто така открила дека новата варијанта може да е одговорна и за зголемувањето на хоспитализациите во југоисточна Англија поради зголеменото ширење на вирусот но не нужно и поради тоа што е поопасен.

Во друга исто така сè уште не рецензирана студија на CMMID бил искористен математички модел за да се види дали брзиот раст на детектирани случаи на вирусот во Лондон се должи на зголемената инфективност или зголемената тежина на болеста. Моделот укажал дека ширењето е во корелација со зголемена инфективност а не со зголемена тежина на болеста.

Дали оваа варијанта се има проширено и на други места?

До сега овој сој не е детектиран во САД, но степенот на секвенцирање на вирусни примероци таму е многу помал во однос на Обединетото Кралство. До декември 2020 во САД биле секвенционирани 51,000 вирални примероци од 17 милиони идентификувани случаи на SARS-CoV-2, според Центарот за контрола на заразни болести. Во Обединетото Кралство до тогаш биле секвенционирани скоро два пати повеќе примероци и покрај тоа што во Обединетото Кралство има само малку повеќе од една десеттина дијагностицирани случаи во однос на САД.

Др. Стенли Перлман, имунолог и специјалист по педијатриски инфективни болести на Универзитетот на Ајова му укажал на Центарот за истражување и политики поврзани со инфективни болести (CIDRAP) дека се сомнева дека оваа варијанта веќе има стигнато до САД. „Би се изненадил доколку тоа не би било така“ вели тој.

Дали децата можат да се заразат полесно?

Неколку докази од минатото укажуваат на тоа дека децата може да се помалку подложни на новиот коронавирус. Доколку оваа нова варијанта е поинфективна постојат шанси да се шири полесно меѓу децата отколку предходно. Но, потребни се додатни студии за да се утврди дали тоа е навистина така.

Забележано е зголемување на случаите кај деца во Англија во исто време со зголемувњето на застапеноста на овој сој. Ова зголемување не било забележано кога децата се вратиле во школите во раната есен. Но, школите биле отворени додека многу останати места биле затворени во тој период, што можеби укажува на тоа дека школите биле само едно од релативно малкуте места во тој период за ширење на вирусот. Сè уште не може да утврди дали децата може да се заразат и да го прошират овој сој полесно.

Дали вакцините ќе бидат ефективни за новиот вирус?

Повеќето експерти сметаат дека развиените вакцини сепак ќе бидат ефективни и за новата варијанта во Обединетото Кралство. Кога вакцините го стимулираат имуниот систем, телото создава арсенал од клетки кои се врзуваат за повеќе различни делови на вирусот. Мутациите во неколку места најверојатно нема да се доволно за вакцината да  биде помалку ефективна смета Центарот за контрола на заразни болести на САД.

„Бидејќи 99% од протеините на новата варијанта се идентични со оние кај сојот против кој е насочена mRNA вакцината на Pfizer-BioNTech (вакцината на Moderna е многу слична со оваа), најверојатно вакцината ќе функционира“ рече на прес конференција Uğur Şahin, извршниот директор на BioNTech.

Возможно е со тек на времето да се појави варијанта која ќе успее да се справи со некои од нашите вакцини, исто како што вакцината за грип треба да се подеси секоја година. Сепак, новите mRNA вакцини може да се подесат за да соодветствуваат на новите мутации за околу шест недели, вели Şahin за Financial Times.

Што може да направиме за да го запреме ова?

Новата варијанта се шири на ист начин како и другите форми на коронавирусот. Ова значи дека истите работи кои ги правевме до сега за да го спречиме ширњето на вирусот уште од Март ќе бидат ефективни и против нвиот сој – миењето на раце, физичкото дистанцирање, носењето маски и добра вентилација. Стрикното придржување до овие правила и избегнувањето на непотребни контакти ќе помогне во спречувањето на понатамошно ширење.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: www.sciencealert.com

(Написот е оригинално објавен на www.livescience.com)

Сподели.