Пустинте налик на Марс на американскиот југозапад се едни од најисконските места за наблудување на ѕвездено небо во светот. Далеку од измачувачките градски светла и скоро секогаш ведро небо, тие обезбедувааат прибежиште за оние кој го сакаат ноќното небо.
Па, секако дека и пустините на Марс ќе бидат уште повеќе идилични. На крајот на краиштата нема светлосно загадување а облаци скоро и никогаш да нема.
И до некој степен, тоа е точно. Марс има многу темни ноќи. И атмосферата на Марс е толку тенка – само 1% од земјината – што ѕвездите не треперат..
Проблеми со прашина
Но, црвената планета има друг проблем: прашина. Дури и директно нагоре према зенитот – дел од небото каде атмосферските нарушувања се најмали – прашината ја намалува светлоста на ѕвездата за цела магнитуда. Ова станува драматично полошо према хоризонтот , каде прашината може да ја намали светлоста на ѕвездата и до 4 магнитуди.
Астрономите го знаат ова од наблудување на ноќното небо со роверите на Марс, кој имаат камери сензитивни колку голото човечко око. Кога небото е перфектно чисто Оппортунити роверот на НАСА може да детектира ѕвезди до 6-та магнитуда – општо земенно како лимитот на човечкото око.
Поглед низ очите на еден ровер
Астрономите ги имаат насочено камерите на роверите кон небото за да набљудуваат лунарни еклипси и комети. Во 2014, Кјуриосити роверот на НАСА ја снимил кометата Сајдинг Спринг ( Siding Spring (C/2013 A1) ) поминувајки на далечина од само 140,000 км. Тоа е 10 пати поблиску од познатата комета Хуакутаке ( Hyakutake (C/1996 B2) ) која помина покрај земјата во 1996 година. Таа дури и го нарушила магнетното поле на Марс.
Орбитерот Мејвен на НАСА покажува уште поинтересен феномен. Метеорски дожд со илјадници , или можеби дури и десетици илјади метеори на час. Тоа е подраматично од било што некогаш регистрирано на Земјата. Но прашината ќе го попречела набљудувањето на повеќето од нив.
Зајдицонца вредни за посета
И за човечкоте очи, има други фактори освен прашина. На Марс, исто така потребно е повеќе време за да настапи ноќ (да се стемни). Црвената планета може да има апсурдно долг самрак. Ова го нарушува ноќното набљ,удување, но предизвикува неверојатни зајдисонца, кое може да се смени од сино до боја на карамела со поминувањето на попладнето.
И како што конечно паѓа ноќта – ако не се плашите од марсовците за да излезете надвор—ве чека друг спектакл.
Кога не се скриени од прашина двете месечини на Марс, Фобос и Дејмос се двете видливи од површината. И како што вашето попладневно небо со боја на карамела станува црно, можете да го набљудувате Фобос ( месечината со кратери и форма на комир) – поголемата од двете –како изгрева од запад и потоа ги менува фазите од млада до стара во текот на само 4 часа пред повторно да зајде. Може да го набљудувате како изгрева и заоѓа повекепати во една ноќ. Дејмос ќе изгледа како најсветлата ѕвезда во небото.
Исто така може да ги набљудувате галаксијата Андромеда и небулата во Орион.
Ова звучи како да се исплати да се издржат температури под -73 Степени Целзиусови
Превод: Христијан Петрески
Извор: astronomy.com