Најверојатно Млечниот Пат е составен од масновидни молекули

0

Нова анализа од Австралиско-Турски тим на истражувачи сугерира дека нашата галаксија е богата со масновидни молекули. Овие молекули базирани на јаглерод се едни од компонентите што ја сочинуваат меѓуѕвездената прашината.

Истражувачите запознале со создавање на оваа прашина во лабораториски услови, почнувајќи со слични компоненти и услови со цел да добијат материјали со исти својства. Тие го процениле изобилството на алифатични јаглероводородни молекули ( техничко име за маснотиите). Тимот проценува дека во Млечниот Пат има 10 милијарди трилиони тони мрсна материја што е еквиваленто на маса од 5 милиони Сонца. Овие наоди се објавени во месечните известувања на Кралското Астрономско Друштво.

“Комбинирањето на нашите лабораториски резултати со набљудувањата од астрономските опсерватории ни овоможува да го измериме количеството на алифатичен јаглерод меѓу нас и ѕвездите” , вели ко-авторот професор Тим Шмид од Универзитетот во Нов Јужен Велс. “Оваа вселенска маст е валкана, најверојатно токсична и се формира само во меѓуѕвездениот простор ( и нашата лабораторија).

Научниците излегоа со генијален начин да ги имитираат процесите што ги создаваат овие молекули. Се верува дека алифатските јаглеводороди се формираат во одливот на постарите ѕвезди побогати со јаглерод. Тимот ја проширил плазмата што содржи јаглерод во вакум на ниска температура и на тој начин се формирани нови молекули.

Направено е проучување на тие молекули, а со тоа истражувачите утврдиле колку е ефикасна масната супстанција при апсорпција на одредена инфрацрвена светлина. Со споредување на овие резултати со астрономските набљудувања, направена е проценка дека има околу 100 јаглеродни атоми за секои 1 милион атоми на водород што создаваат меѓуѕвездена прашина.

Астрономите веруваат дека околу половина од јаглеродот во галаксијата е внатрешноста на ѕвездите, а остатокот се пренесува во меѓуѕвездената прашина и релативно малку може да се најде во планетите и помалите објекти. Кога би се дознало каде се молекулите на јаглерод и колку тие се богати, тоа би можело да помогне подобро да се разбере како се создаваат планетите. Следен чекор за истражувачите би било да ја проценат распростанетоста на ароматичните јаглеводороди за кои типичен претставник е нафталинот. „ Мрсна“ и со мирис на нафталин всушност и не би било најдобриот изглед за нашата галаксија.

Превод: Цветанка Мачавеловска

Извор: iflscience.com

Сподели.