По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца во изминатите 2 години, овојпат повторно ќе се обидеме да им ја приближиме астрономијата на децата на возраст од 7 до 12 години.
Курсот ќе започне на 28.05.2019 и ќе опфати 5 предавања и работилници и доделување на дипломи. Предвидено е да се организираат 2 групи согласно возраста на децата, со почеток на предавања од 18:00 часот за помалите и 19:00 часот за повозрасните деца и ќе траат околу еден час. Курсот ќе се одвива во простории на ФЕИТ, со исклучок на посета на Планетариум.
Распоред на предавања:
- 28.05 – Посета на Планетариум при МКЦ
- 30.05 – Прошетка низ Сончев систем
- 04.06 – Работилница за планети (I дел) – Моделирање со пластелин
- 06.06 – Работилница за планети (II дел) – Боење на стиропорни топки
- 11.06 – Астрономски феномени низ експерименти
- 13.06 – Доделување на дипломи
Цената на курсот е 1500 денари и во неа се вклучени: посета на Планетариум, учество во интерактивни предавања, книга за детска возраст, комплет материјали кои ќе се користат на работилниците и маица од Скопско астрономско друштво.
За пријава, ве молиме пополнете го формуларот на следниот линк.
Напомена:
- Бројот на учесници е ограничен и поради тоа ќе важи принцип на прв/а пријавен/а, прв/а запишан/а. Пријавувањето трае до 20.05.2019.
- Запишаните ќе добијат потврда од Скопско астрономско друштво, по што ќе можат да извршат уплата.
- Уплатата може да се изврши во понеделник / 20.05 од 20:00 часот во училна 122 на ФЕИТ, или на сметка на друштвото со назнака: Курс по астрономија за деца 2019 и име на детето. При уплата на сметка, ве молиме испратете фотокопија од вирманот на kontakt@astronomija.mk.
- За распоредот на групите ќе бидете известени непосредно пред почетокот на курсот.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, пишете ни на kontakt@astronomija.mk или јавете се на телефон: 076-439-027 (Радан).