Црните дупки се едни од најпростите објекти во Универзумот. Тие се делат на активни и неактивни. Една црна дупка ја каракетризираат повеќе особини меѓу кои најбитни се спин, маса и полнеж. Масата на една црна дупка може да се измери на повеќе начини. Еден од наједноставните начини да се измери масата е со гравитациското влијание на самата црна дупка врз материјата околу неа. Спинот на една црна дупка се движи во рамки -1, 0, 1. Спин со вредност 1 претставува и максимален спин за една црна дупка. Спин со вредност -1 исто претставува максимален спин, но во обратна насока. Тоа значи дека црната дупка се движи во спротивна насока од акрецискиот диск. Акрециски диск претставува ротациски диск од материја (комсичка прашина, гас) кој има огромна температура и е формиран од гравитацијата на масивно тело во нашиот случај супер масивна црна дупка. Црните дупки можат да бидат со маса од неколку сончеви маси, па се до неколку милијарди сончеви маси т.н. супермасивни црни дупки.
Сликата од црна дупка која што е направена пред отприлика 2 години (2017 година) и објавена на 10.04.2019 е слика од супермасивна црна дупка во гараксијата Девица (M87). Црната дупка се наоѓа во центарот на оваа галаксија. Речиси сите црни дупки се наоѓаат во центарот на галаксиите во кои припаѓаат.
Оваа црна дупка е со маса 6.5 милјарди пати од масата на Сонцето. Дамката или сенката од црната дупка е со големина колку нашиот Сончев систем. Иако многу од луѓето се разочараа од сликата од супер-масивната црна дупка која што беше објавена, да не заборавиме дека растојанието од Земјата до оваа супер-масивна дупка е 53.5 милиони светлосни години. Една светлосна година е растојанието што го поминува светлината (движејќи се со брзина 300.000 km/s) за време од една година.
Оваа слика од супер масивната црна дупка во галаксијата Девица е објавена од тимот на Event Horizon Telescope. Сликата е направена од 8 радио телескопи распространети низ целиот свет (Шпанија, Мексико, Чиле, итн.) кои истовремено го набљудувале истиот дел од небото. Поради земјината ротација секој од телескопите примал различни информации од супер-масивната црна дупка. Откако процесот на фотографирање завршил (2017 година) сите тие слики и информации се обработени од супер компјутер кој има капацитет за таков вид на обработка на слика и се објавени 2 години подоцна (10.04.2019 година).
Набљудувани се електромагнетни бранови со бранова должина од 1.3mm – радио бранови. Самата материја во акрецискиот диск има голема температура и зрачи и светлина и температура со ограмна вредност од милијарда степени. Светлината иако се движи праволиниски таа кога поминува покрај црната дупка и поради закривениот времeпростор се движи по контура на времепросторот околу црната дупка и ние можеме да го видиме и задниот дел од црната дупка.
Фотографијата направена од црна дупка ни претставува уште еден доказ на теоријата на релативност поставена од Ајнштајн пред 100 години. Црните дупки иако лежат во центарот на гаксиите исто така се клучни за тоа како галаксиите настанале и еволуирале низ милјарди години наназад. Со тоа нам ни останува како задача да ги искористиме сите информации и да дојдеме чекор поблиску до настанокот на светот каков што е денес.
Автор: Кире Трајковски