Научниците се противат на теоријата за вонземско летало на Харвард

0

Слика објавена од Европската Јужна Обсерваторија на 20 Ноември 2017 која прикажува уметнички приказ на првиот потврден меѓуѕвезден објект кој влегол во нашиот сончев систем.

Научен труд од два истражувачи на Харвард направи бум тврдејки дека карпата со облик на пура која прелета низ нашиот сончев систем можеби е пратена од вонземјани. Истражувачите назначиле во пред-печатената верзија на артиклот дека станува збор за егзотично сценарио, но дека Оумуамуа можеби е целосно оперативна сонда пратена намерно во близина на Земјата од вонземска цивилизација.

Оумуамуа првиот детектиран меѓуѕвезден објект во нашиот сончев систем, се забрза повеќе од очекуваното спротивно од Сонцето при што се родија идеите дека некаков вид на вештачко едро кое работи со помош на сончевата светлина – познато како светлосно едро – помогнало да го турне низ вселената.

„Засега постои необјаснив феномен, имено вишокот на забрзување на Оумуамуа, кој покажуваме дека може да се објасни преку силата на радијацискиот притисок на Сонцето“ вели Шмуел Биали ко-автор на трудот и астрофизичар на Харвард за AFP.

„Сепак ова подразбира дека телото има голема површина која е многу тенка, нешто што не се среќава во природата.“

Сугестијата дека станува збор за вонземска сила стана вирална. Но други експерти од областа на астрономијата не се согласуваат. „Како повеќето научници, би сакал да постои доказ за вонземски живот, но ова не е тоа“ вели Алан Фицсимонс, астрофизичар на Универзитетот на Кралицата во Белфаст. „Веќе беше покажано дека набљудуваните карактеристики на објектот се конзистентни со тело слично на комета кое било исфрлено од друг ѕвезден систем“ вели за AFP. „Исто така некои од аргументите во овој труд се базирани на бројки со големи несигурности“.

Слика објавена од Европската Вселенска Агенција на 27 Јуни 2018 која прикажува уметнички приказ на Оумуамуа

Кејти Мак, познат астрофизичар на државниот универзитет во Северна Каролина исто така има проблем со фамата за вонземјаните. „Она што мора да се разбере е дека научниците се перфектно среќни со тоа да објават неверојатна идеја дури и ако има најмала шанса да не е погрешна“ напиша на твитер. „Но додека секое друго објаснување не се отфрли неколку пати, дури ни самите автори најверојатно не веруваат во него.“

На прашањето дали верува во хипотезата која ја презентира, Биали вели за AFP: „Не би рекол дека „верувам“ дека е пратен од вонземјани бидејки сум научник, а не верник, и се потпирам на докази кога презентирам можни физички објаснувања за набљудуваните феномени.“

Другиот ко-автор Ави Лоеб, претседател на одделот за астрономија при Харвард вели за NBC дека човештвото можеби никогаш нема да знае повеќе за мистериозниот објект, бидејки веќе има отвпатувано далеку и не се враќа назад. „Невозможно е да се сфати Оумуамуа без повеќе податоци“, рекол Лоеб.

Нивниот труд бил прифатен за објавување во Писмата на астрофизичкиот журнал (Astrophysical Journal Letters) и ќе се појави на 12ти ноември. Оумуамуа, хавајски за „гласник“ или „извидник“ беше за прв пат виден од телескопите во октомври 2017. Вонземскиот камен е околу 400m долг и само 40m широк.

Превод: Максим Осман-Николов
Извор: Phys.org

Сподели.