Како ги најдовме 79те месечини на Јупитер

0

Јупитер е кралот на планетите. Огромен е, светол на ноќното небо и дури четири од неговите релативно мали месечини се доволно светли да се видат со наједноставните телескопи. Досега имаме пратено девет сонди или во орбита или во близок прелет на планетата. Сепак дури само минатите години откривме не една, туку дванаесет нови месечини околу Јупитер. Како се’ уште не пресуши овој извор на месечини?

Месечината Јо е многу мала во однос на џиновската планета Јупитер, но доволно е голема да ја видиме и со најмали телескопи. Заслуги: Cassini Imaging Team/SSI/JPL/ESA/NASA

Одговорот лежи во тоа што повеќето од месечините на Јупитер не се големи придружници како нашата Месечина. Четирите месечини кои биле првите откриени од страна на Галилео во 1610 – Ио, Европа, Ганимед и Калисто се големи во однос на нашата Месечина но апсолутно мали во однос на Јупитер. Тие се најлесните за откривање. Откривањето нови месечини наспроти огромниот Јупитер е многу тешко.

Со развојот на фотографијата биле откриени повеќе месечини но работата била многу напорна. Пред Војаџер да дојде до него во 1979тата година џинот имал 13 откриени месечини на кои Војаџер додал уште 3 – Метида, Адрастеја и Теба. Сите три заедно со Амалтеја (откриена во 1892 од Е.Е. Барнард) и оргиналните галилееви месечини се регуларната месечева група на Јупитер. Ова значи дека тие имаат отприлика сферичен облик, орбитираат во истата насока во која Јупитер ротира, следејки скоро кружни орбити кои не се наслонуваат премногу во однос на Јупитеровиот екватор.  Со други зборови она што би очекувале да представува една месечина.

Останатите се нерегуларни месечини кои се мнозинството од Јупитеровите сателити. Имаат облик повеќе налик компир, екцентрични орбити, накривени, дури и ретроградни (што значи дека орбитираат обратно од оската на ротација на Јупитер). Повеќето се најверојатно заробени астероиди или резултат на дамнешни судири на поголеми тела – можеби месечини на Јупитер. Тие се мали и имаат тенденција да орбитираат подалеку од Јупитер во однос на регуларните месечини. Ова ги прави многу потешки за забележување.

Една од поновите месечини на Јупитер која ротира проградно (нормално), а се наоѓа во групана ретроградни сателити и кој е предодреден за некој катастрофален судир во иднина. Заслуги: Roberto Molar-Candanosa/Carnegie Institution for Science)

Астрономите имале најдено неколку од овие нерегуларни месечини, но по Војаџер откритијата запреле отприлика две децении.

И тогаш Скот Шепард се појавил на сцената. Тимовите на астрономи од „Каренги“ Институцијата за наука се одговорни за 60 од 79те познати јупитерови месечини од кои сите се нерегуларни. Тимот на Шепард открива месечини околу Јупитер од 2000 година. Само во минатите години тие додале дузина на листата. Новите месечини го зголемуваат нашето познавање за соседството на Јупитер и им помагааат на астрономите да разберат како се формирала планетата и како нејзината околина еволуирала низ времето. Сепак вистина е дека некои од месечините на Јупитер се „откриени“ повеќе пати. Овие вселенски карпи некогаш се забележуваат на слики без да се разбере нивната орбита. Па кога астрономите ги бараат повторно по неколку месеци или години не можат да ги најдат.

Овие нерегуларни месечини се навситина многу мали – само неколку до десетици километри широки. Изгледаат многу малку како комплексните светови Европа и Ганимед или пак нашата Месечина. Наместо тоа тие се најчесто карпи со нерегуларен облик кој орбитираат многу далеку од Јупитер. Телескопите кои ги наоѓаат мора да се сензитивни и да гледаат голем дел од вселената или пак да имаат многу многу среќа.

Сондите кои ги праќаме кон Јупитер иако се многу поблиску од Земјентие телескопи, најголемиот дел од времето се зафатени со истражување на планетата. И тие би требало да имааат многу среќа за случајно да откријат еден од овие мали нерегуларни сателити додека ја сликаат планетата. Веројатноста за наоѓање на една или повеќе мали вселенски карпи навистина не ги интригира научниците кои се обидуваат да ги разберат длабоките мистерии на внатрешноста и бурите на Јупитер. Не го трошат вредното време на мисијата трагајќи по нив.

Неодамнешните успеси на Шепард всушност се поради тоа што барал многу подалеку од Јупитер, обидувајќи се да открие можна деветта планета далеку зад орбитата на џинот. Но бидејќи Јупитер се нашол во истиот регион на небото Шепард и неговиот тим провериле да видат дали може да најдат некои упаднати месечини на нивните слики. Им се посреќило иако откритието барало многу работа.

Астрономите имаат станато многу подобри во набљудувањата на широки полиња каде може да скенираат големи делови од небото одеднаш. Нашите телескопи секако имаат станато многу подобри. Но најмногу мора да се има желба да се потроши долго време трагајќи по многу слабо видливи објекти во потрага по нови сателити на Јупитер.

Повеќето индивидуални нерегуларни месечини не се ни сметаат за големи откритија самите по себе (иако постојат неколку чудни исклучоци). Но како целина? Јупитеровиот немирен рој на месечини, регуларни и нерегуларни, раскажува долга и интересна приказна за тоа каков е животот околу најголемата планета во Сончевиот Систем.

Извор: www.astronomy.com

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.