Фотографија во инфрацрвен спектар

0
Авторски права: Горан Петров, САД

Авторски права: Горан Петров, САД

Фотографирањето со дигитален фотоапарат во инфрацрвен спектар резултира со невообичаен, надреален колорит. Преку ден, објектите што силно ја рефлектираат сончевата светлина, како на пример лисјата, стануваат безмалку бели или розови, додека објектите што слабо рефлектираат се силно затемнети, на пример, кора од дрво.

За пејсажна инфрацрвена фотографија, фотографот вообичаено оди во природа/парк и со себе носи апарат и трипод, бидејќи експозициите што се прават се подолги и не е возможно да се слика во рака. Овој текст содржи фотографии сликани во Градскиот парк во Скопје во два различни сончеви дена.

Авторски права: Горан Петров, САД

Авторски права: Горан Петров, САД

За да се дојде да ваква фотографија, потребен е филтер што ја пропушта инфрацрвената светлина (електромагнетно зрачење под видливиот спектар), а ја филтрира (рефлектира, односно не ја пропушта) видливата светлина. Таквите филтри што се прицврстуваат на објективот се достапни на пазарот со различен квалитет, од евтин пластичен каков што јас купив за 15 долари, до супер-квалитетни филтри изработени од стакло што достигнуваат цена и над 150 долари.

Но тоа не е доволно. Имено, повеќето модерни дигитални фотоапарати, всушност сите освен специјализираните фотоапарати, над самиот сензор внатре во телото на фотоапаратот имаат вградени филтри кои ја сечат инфрацрвената светлина (infra-red cut-of). Причината за тоа е дека сензорите во дигиталните фотоапарати се сензитивни на целиот електромагнетен спектар, а човечкото око ја гледа само видливата светлина. Елем, ако тие филтри над сензорот би ги немало на фотоапаратите (вклучувајќи ги и камерите на нашите телефони), фотографиите би влечеле на црвено. Како дополнителна белешка, тие оригинални филтри (low-pass филтри или LPF филтри) исто така ги „пеглаат“ неправилностите на сликата што се јавуваат заради геометрискиот распоред на фотоќелиите на сензорот (односно ја извршуваат anti-aliasing функцијата).

Ова резултира со потреба да се модификува дигиталниот фотоапарат, преку отстранување на low-pass филтрите, и тоа е причината зошто инфра црвената фотографија е прилично ретка.

Јас земав постар фотоапарат (Canon 20d), му ги извадив оригиналните филтри и на нивно место вградив обично стакло со слична дебелина. Подобро решение е да се стави квалитетно стакло со идентична дебелина како на оригиналните филтри, но такви стакла се скапи и тешко се наоѓаат. Вреди да се напомене дека дебелината на стакло на заменскиот филтер е пожелно да биде со иста дебелина како и оригиналниот филтер, инаку авто-фокусот на апаратот нема да функционира правилно.

Авторски права: Горан Петров, САД

Авторски права: Горан Петров, САД

Друго уште подобро решение е наместо оригиналните филтри да се вгради инфрацрвен филтер (чини околу 100 долари). Со такво решение кадрирањето е полесно, бидејќи низ viewfinder-от на апаратот би се гледала „нормалната“ слика (инфрацрвениот филтер затемнува), и оттаму како што реков експозициите треба да се подолги. Но, при вакво решение апаратот понатаму може да се употребува само за инфрацрвената фотографија.

За разлика од вообичаената пејсажна фотографија, кога е пожелно тие да се прават за време на изгрејсонце или зајдисонце (golden hour), или малку пред изгрејсонце или по зајдисонце (blue hour),  моето искуство е дека инфрацрвените фотографии се најдобри кога сонцето е најсилно, односно кога контрастот е најсилен. Воочете ја разликата помеѓу следните две фотографии, каде првата е директно осветлена, а на втората сонцето е при заоѓање.

Авторски права: Горан Петров, САД

Авторски права: Горан Петров, САД

Авторски права: Горан Петров, САД

Авторски права: Горан Петров, САД

Фотографиите задолжително се сликаат во raw форматот, најмногу заради потребата од подесување на балансот на боите (white balance) при обработката, бидејќи, како што веќе напоменав, фотографиите директно од апаратот влечат на црвено. По подесувањето на балансот, вообичаената пракса во инфрацрвена фотографија е да се сменат плавиот и црвениот канал во некоја програма за обработка на слики (на пример во Photoshop или Gimp). Рокадата на каналите овозможува да се добијат пореални бои, особено на небото. На следните две слики воочете ја разликата на, прво, сликата со несменети канали, а на следната со сменет црвен и син канал на сликите (обработка се врши во RGB просторот, како што е вообичаено, односно „по default“).

Во продолежение, видете ги и моите останати фотографии од Градскиот парк.

Текст и фотографија: Горан Петров

Сподели.