На 3 февруари 2006 година, командантот Бил МекАртур и инженерот Валери Токарев зачекорија надвор одМеѓународната вселенска станица за вселенска прошетка. Камерите и овозможија на публиката да ја следи работата на луѓето во живо на NASA TV. Тогаш камерите покажаа тело кое лебди во вселената. Токарев ноншалантно го поздрави неговиот колега со зборовите „Збогум, господине Смит”. Фигурата можеби изгледаше како човек, но не беше. Тоа беше Suitsat, кој можеби е најморничавиот сателит на сите времиња.
Приказната за Suitsat не може да биде раскажана без приказната за Orlan вселенското одело.
Оrlan бил продукт на Советската L3 програма за слетување на месечината во 1960 година која имала за цел да им овозможи на космонаутите слетување на месечината пред истото да го направат Соединетите Американски Држави. Дел од оваа мисија вклучувал овозможување на размена на космонаути меѓу вселенско летало кое орбитира околу месечината и вселенското летало кое е наменето за слетување на месечината, а тоа значело дека космонаутите ќе имаат потреба од специјално вселенско одело.
Развојот кон оваа нереализирана мисија за слетување на месечината ја истакнува важноста од вселенски активности за идните мисии, и така се создадени две вселенски одела. Првото било лесно одело за итни случаи. Второто било потешко и пософистицирано полукруто одело за вселенски активности наречено Orlan. Orlan е сигурно, ретко одело кое можело да биде облечено и соблечено за само 5 минути. Исто така, оделото било и прилагодливо така што одговарало на космонаути со различна тежина и висина.
Орлан вселенското одело – во овој случај Орлан-Д моделот – било прв пат облечено за прошетка во вселената во 20.12.1977 г. По ова деби, тој стана главен во двете вселенски станици Салјут и Мирсо повеќе понови верзии уживајќи постојано присуство во Меѓународната вселенска станица. Под притисок од 5.8 psi чист кислород, оделото може да поддржи вселенска прошетка на астронаут или космонаут долго околу 7 часа.
Секоe Orlan одело е дизајнирано за да биде чувано и сервисирано во Меѓународната вселенска станица (ISS), и секое има 4 годишен рок на употреба кои би требало да му овозможат околу 12 активности на космонаутите во вселената. Работите стануваат незгодни кога времето на оделото ќе истече. Руското летало Сојуз нема можност за враќање на Orlan оделото назад на Земјата, па затоа тоа останува во вселената.
Се поставува прашањето, што да се прави со вселенско одело кое го достигнало крајот на својот оперативен рок и не може да биде вратено на Земјата? Па, ако вие сте Сергеј Самбуров, го претворате во сателит.
„Се поставува прашањето, што да се прави со вселенско одело кое го достигнало крајот на својот оперативен рок и не може да биде вратено на Земјата? Па, ако вие сте Сергеј Самбуров, го претворате во сателит.“
Групата на Самбуров дојде до идеја за претворање на неупотребливо Orlan вселенско одело во функционален сателит. Планот бил да се ослободи оделото и да се остави да се потрошат внатрешните батерии додека се емитуваат статус сигнали кон Земјата. Тестот требало да даде одговори на прашањата како дали оделото ќе се прегрее при исклучени системи за ладење, дали ќе трансмитира јасно додека се движи од еден до друг крај во орбитата, и дали батериите ќе траат подолго кога системите за поддршка се исклучени? Навидум чудни тестови за празно вселенско одело, главната цел била да се соберат податоци за следната генерација на Orlan одела.
Па, таа старото Orlan одело било опремено со 3 батерии, радио трансмитер, и сензори за мерење на температурата и моќта на батеријата. За време на вселенските активности во февруари 2006, Иван Иванович или господин Смит рекоа дека Suitsat бил испратен од станицата и оставен да кружи околу Земјата. Испраќајќи ги неговите сигнали, инженерите го следеа неговиот напредок, а радио операторите слушаа.
Но тестот не траеше многу долго. Батериите на Suitsat откажаа после само две орбити. Сигналот слабеел и на крај исчезнал. Suitsat продолжил да орбитира околу Земјата додека неговата орбита не се распаднала. На 07.09.2006 г., морничавиот сателит изгорел во Земјината атмосфера над јужниот океан.
Превод: Александра Атанасоска
Извор: Popular Science