25 занимливости за вселенските сонди

0
  1. Советската сонда „Луна 15“ (Luna 15), се сруши на површината на Месечината, еден час пред да ја напуштат Баз Олдрин и Нил Армстронг.
  2. Во 1991 година сондата „Спејсвоч“ (Spacewatch) откри тело од вештачки материјал во близината на Земјата, која во астрофизичката база на податоци на НАСА се води како можна вонземска сонда. Нејзината орбита ќе ја доведе на Земјата во 2016 година.
  3. Од 1975 до 1982 година Русија имала шест сонди кои слетале на површината на Венера, преживувајќи температура од 457˚C и кои успешно направиле фотографии.
  4. Сондата „Маринер 1“ (Mariner 1), која требала да стигне во орбитата на Венера, доживеа неуспех поради тоа што во една линија на кодот недостасувала црта, што претставува најскапа грешка во историјата.
  5. Сондата „Гравити Б“ (Gravity B) има најсовршен сферен облик некогаш направен од страна на човекот, благодарејќи на речиси совршениот конструиран жироскоп.
  6. Вселенската сонда „Галилео“ (Galileo) намерно удри во површината на Јупитер при крајот на својот оперативен век, за да ја избегне контаминацијата со бактерии на Јупитеровите месечини.
  7. „Хелиос 1 и 2“ (Helios 1 & 2) се најбрзите летала кои ги направил човекот. Тие постигнале брзина од 252.000 километри на час. (70.000 m/s.) и иако веќе не се функционални, тие сè уште орбитираат околу Сонцето.
  8. На 19 август 1960 г. Русите ја лансирале „Корабл – Спутник 2“ (Korabl-Sputnik) во орбита со две кучиња, 40 глувци, 2 стаорци и разни видови на растенија. Ова е првото вселенско летало кое испратило животни во орбита и успешно ги вратило назад на Земјата.
  9. Првото летало кое можело успешно да слета на друга планета и да ги врати назад податоците, била советската „Венера 7“ (Venera 7) во 1970 година. По слетувањето на Венера, леталото назад испратќало податоци само 27 минути, најверојатно поради спуштањето на темната страна на планетата.
  10. Слетувањето на советските мисии „Венера“ (Venera) открило дека површината на Венера е во голем дел е базалтна, што се темели на геохемиските мерења и морфологијата на вулканските текови.
  11. Леталото „Јунона“ (Juno), кое се движи кон Јупитер, носи три лего фигури, кои го претставуваат Галилеј, римскиот бог Јупитер и неговата жена Јунона.
  12. Во Вселената веќе 12.5 години лебди леталото со јонскo – пропулзиски мотор , „Дип Спејс 1“ (Deep Space 1).
  13. Кога леталото „Касини“ (Cassini) испратило сонда на Сатурновата месечина, Европската вселенска агенција заборавила да го вклучи приемникот, па, поради тоа, се изгубиле половина фотографии.
  14. Сондата „Касини“ може да ги следи сите објекти во системот на Сатурн, па дури да следи и одредена точка на даден објект.
  15. Леталото „Нови хоризонти“ (New Horizons), кое треба да слета на Плутон во 2015 година, носи четвртина долар од државата Флорида, за симболично плаќање во царството на мртвите на управувачот на кајчето – Харон, чие име го носи и најголемата месечина на Плутон.
  16. Според податоците на Касини од 2008 година, месечината Титан на Сатурн има стопати повеќе резерви на нафта и јаглеводороди од Земјата.
  17. Кога леталото „Нови Хоризонти“ ќе дојде до Плутон, ќе испраќа податоци со брзина од само 1 kbit/s.
  18. „Нови Хоризонти“ ја помина орбитата на Месечината за само 9 часа од полетувањето, додека на астронаутите на „Аполо“ им требало 3 дена.
  19. Во почетокот на 2015 година беспилотното летало „Зора“ (Dawn), треба да стигне на Церера, џуџеста планета и најголем објект во астероидниот појас на нашиот Сончев систем.
  20. „Војаџер 1“ (Voyager 1) е лансиран по „Војаџер 2“ (Voyager 2), но се движел побрзо и на крајот го престигнал.
  21. Карл Саган сакал да ја вклучи песната „Here Comes the Sun“ од Битлси на Златната снимка пратена во Вселената, но и покрај тоа што Битлси се сложиле, нивниот издавач тоа го одбил.
  22. За меѓусебна комуникација на НАСА и Војаџер им се потребни околу 32 часа, со распон на фреквенции за пренос на сигнал од 115.2 kbit/s.
  23. Инженерите кои го дизајнирале „Војаџер“, ја испланирале мисијата со цел да ја избегнат вселенската средба во текот на Божиќ и Денот на благодарноста.
  24. Предвидено е Златната снимка (која содржи поздрави, звуци и музика од Земјата), а која е прицврстена на сондата „Војаџер 1“, да остане недопрена милијарда години.
  25. Во 1999 година „Климатскиот орбитер на Марс“ (Mars Climate Orbiter) се распаднал при влегувањето во горната атмосфера на Марс. Тоа се случило бидејќи едниот тим користел империјален систем на единици, а вториот метрички. Како последица на тоа, бил уништен орбитерот и се направила штета од неколку стотици милиони американски долари.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.