Откако помина повеќе од месец дена во орбита на темната страна на Церера, вселенското летало Зора направи фотографии од северниот пол на интригантниот свет. Овие фотографии од северниот пол на Церера се направени на оддалеченост од 33.000 километри оддалеченост од Церера и ја имаат најдобрата резолуција досега.
Зора пристигна до Церера на 6-ти март 2015-та година, со што стана прво летало кое орбитира околу џуџеста планета. Претходно, леталото го истражуваше џиновскиот астероид Веста во период од 2011-та до 2012-та година. Оваа сонда се разликува по тоа што е единствена која орбитирала околу две вонземски тела.
Церера, со просечен пречник од 950 километри, е најголемо тело во главниот астероиден појас, помеѓу Марс и Јупитер. Зора го икористи јонскиот погон за да влезе во прва научна орбита околу Церера. Вселенското летало ќе остане на оддалеченост од 13.500 километри од џуџестата планета сѐ до 9 мај, по што ќе премине во пониска орбита.
Превод: Дарко Рафаиловски
Извор: Astronomy Magazine