Животот можеби започнал на јаглеродни планети

0
Животот можеби започнал на јаглеродни планети

Уметнички приказ на јаглеродна планета која орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето. Млади планетарни системи кои немаат доволно тешки хемиски елементи, но се релативно богати со јаглерод, може да формираат светови од графит, карбид и дијаманти. Сините дамки покажуваат каде се наоѓа водата на површината, формирајќи потенцијално живеалиште за вонземски живот. Извор:Christine Pulliam (CfA). Sun image: NASA/SDO

Нашата планета се состои од карпи од силикат и железно јадро со тенки слоеви од вода и живот. Но, првите места кои биле потенцијално населени во раниот Универзум можеби биле планети составени од графит, карбиди и дијаманти. Се смета дека исто како на Земјата, така и вонземскиот живот би бил базиран на јаглерод.

Почетната верзија на Вселената била главно составена од водород и хелиум со недостаток од доволно количество на јаглерод и кислород за животот каков што го знаеме. Дури по првите супернова експлозии животот и создавањето на планети биле возможни. Научниците кои работат на оваа студија испитувале одреден вид класа на ѕвезди богат со јаглерод, без метал. Овие таканаречени анемични ѕвезди содржат само стотинка до една илјадинка од количеството железо кое го има во Сонцето. Овие ѕвезди како еден вид на фосили од минатото, од раниот Универзум и со нивно проучување можеме да дознаеме и за формацијата на тогашните планети, а можеби и самиот настанок на животот. Поради зголеменото количество на јаглерод, а недостаток на тешки метали, планетите биле формирани како пуфкасти тела со јаглеродни зрна кои биле групирани заедно. Од далеку овие светови тешко би се разликувале од планетите кои наликуваат на Земјата. Нивните маси и физички големини би биле слични и астрономите би морале да ги истражат нивните атмосфери за да го откријат составот и нивната вистинска природа.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.