Живот различен од овој на Земјата може да постои на Марс, Титан и другите светови

0
Фотографија направена од леталата Викинг во 70-тите години за време на нивната мисија за потрага по живот на Марс. Станува збор за најдолгата потрага по живот на оваа планета. Извор: НАСА.

Фотографија направена од леталата Викинг во 70-тите години за време на нивната мисија за потрага по живот на Марс. Станува збор за најдолгата потрага по живот на оваа планета. Извор: NASA

Теоријата дека сме сами во Универзумот од ден на ден станува сè поневеројатна. Потрагата по вонземски живот главно се базира на претпоставката дека треба да бараме нешто слично на Земјата, што е многу разбирливо бидејќи тоа е единствениот пример за живот кој го познаваме. Но, може ли да постои и сосема различен живот, надвор од овие ограничувања и од нашите претпоставки?

На оваа тема еден тим истражувачи објави статија со наслов „Физичките, хемиските и психолошките ограничувања на животот“ во списанието Life. Се зборува за тоа какви се видови на вонземски организми би можеле да опстојат на Марс и Титан и се доаѓа до заклучок дека животот е можно да постои, но не е онаков каков што го познаваме овде на Земјата.

Животот на овие две места со неколку адаптации би можел да опстојува. На Земјата, за најголем дел од живите организми е неопходен кислородот, азот и други клучни состојки. Токму затоа, ги бараме овие елементи и на другите светови. Но, во одредени случаи ова може да биде погрешно. На пример, мешавина од вода и водороден пероксид наместо само вода би можела да биде присутна во клетките на малите микроорганизми на Марс, а пак кај оние на Титан би можеле да се искористат течен метан или етан. Некои други процеси, поразлични од ДНК би можеле да пренесуваат информации.

Сепак, доколку откриеме нов вид на живот во рамките на Сончевиот систем, не би било ништо големо и премногу развиено.

Фотографија од Касини на Титан и Сатурн. Извор: NASA Jet Propulsion Laboratory

Според авторите на оваа статија, постојат реални шанси за да откриеме живот на Марс. Речиси сигурно е дека животот бил присутен пред милијарди години, кога Марс имал океани и постои веројатност дел од тој живот да опстоил до ден денес. Главното прашање е дали има заедничко потекло со животот на Земјата. Сепак, поважно откритие би било животот на Титан бидејќи Марс е релативно сличен со Земјата. Во минатото, бил нешто како поладна верзија на Земјата. За разлика од ова, Титан има комплетно различни услови и животот таму би бил од различно потекло. Понатаму, ова би помогнало и да се одговори дали Универзумот изобилува со живот или пак станува збор за ретка појава? Ако се пронајде живот на Титан, ќе се докаже дека може да има различно потекло и дека е многу поразновиден одошто претпоставуваме.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.