Жешкото срце на квазарот 3C273

0

Научниците извршија спој на телескопи на Земјата и Вселената за да можат да разберат дали температурата на овој познат квазар е повисока од 10 трилиони степени. Тоа е толку висока температура, што претходно се мислело дека ова е невозможно.

Снимка од квазарот 3C273 од страна на X – воздушната опсерваторија – Чандра. Моќен и забележителен млаз, веројатно потекнува од гас кој паѓа на супермасивната црна дупка.

Комбинирајќи ги сигналите добиени од радио телескопите на Земјата и од Вселената, ефективно се добива телескоп со дијаметар од речиси неверојатни 8 дијаметри од планетата Земја. Таков телескоп им овозможи на научниците за прв пат да можат да забележуваат јасни набљудувања во радио опсегот на електромагнетното зрачење на квазарот 3C273. Овој астрофизички објект е првиот квазар кој е пронајден и преставува и најсјаен од сите откриени квазари. Сознанијата до кои дошле научниците во текот на проучувањата покажуваат дека моќта на природата е навистина изненадувачка, во поглед на нарушената теориска горна граница на температурата.

Ковалев Јури Јуревич од Институтот за физика – Лебедов (Москва, Русија), изјавува во почетокот на 2016 год. дека температурата на јадрото на квазарот е поголема од 10 илјади милијарди степени. Секако дека оваа висока температура, која е досега најголемо теориско предвидување, претставува голем предизвик за физичарите, за да дадат објаснување на овие појави поврзани со јадрото на квазарот врз основа на досегашните разбирања за механизмот на зрачења на релативистичките млазеви.

Нешто подоцна, кон крајот на март 2016 год. од Институтот Макс Планк (Минхен), укажале на следниот проблем поврзан за квазарите. Супермасивните црни дупки чија маса е поголема милиони и милијарди пати од Сонцето, се наоѓаат во центарот на секоја галаксија и тие можат да испуштат силни млазеви материја, чиј сјај често го преминува вскупниот сјај на сите ѕвезди во галаксијата. Проблемот е во тоа што постои горна можна граница на сјај од некој млаз, а ја ограничува интеракцијата на жешките електрони и нивното зрачење. Така, кога температурата на електронот ќе помине приближно 100 милијарди степени, тогаш тие електрони влегуваат во интеракција со сопственото Х – зрачење, што доведува до брзо намалување на температурата на електроните.

За да дојдат до споменатите нови резултати, меѓународниот тим на астрономи употреби РадиоАстрон, руски истражувачки сателит, лансиран во 2011 год. и неговиот радио телескоп со дијаметар од 10 метри. РадиоАстронот е поврзан со повеќе телескопи на површината на Земјата, за да може да се добијат набљудувачки резултати, кои би било невозможно да се добијат со еден инструмент. Споменатиот интерферометар на Земјата се состои од 100 метарски радио телескоп – Ефелсберг, потоа од 110 метарски телескоп – Green Bank, како и 300 метарски – Arecibo Observatory и Very Large Array.

Интерферометар Земја – Вселена овозможува најголема резолуција во астрономијата, илјада пати поголема од космичкиот телескоп Хабл.

Неверојатната висока температура не била единственото изненадување кој го приредил квазарот 3С273. Истражувачите собрани околу РадиоАстроно открија еден ефект кој не бил забележан на вонгалактичките објекти до тогаш. Така, снимките од 3С273 покажале дека квазарот содржи одредена подструктура, а снимена е благодарејќи на тоа што електромагнетните бранови поминуваат низ ретка меѓуѕвездена материја внатре во нашата галаксија на пат кон нас.

Од центарот за астрофизика Харвард – Смитсонијан, појаснуваат за оваа појава. Според нив, како што огнот од свеќата делува изобличен при поминувањето на зракот светлина низ топлиот воздух над пламенот, така и турбулентната плазма внатре во Млечниот Пат го изобличува изгледот на одалечените астрофизички извори, во кои спаѓаат и квазарите.

Квази стеларните објекти се толку компактни што до сега не можеле да се видат изобличени. Одличната резолуција на РадиоАстронот овозможи да се разбере физиката во средини со екстремни услови, кои владеат во околината на супер масивните црни дупки во одалечени галаксии, како и дифузна плазма која е многу присутна внатре во нашата галаксија.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.