Здраво Плутон! Ние пристигнавме.

0

14 јули 2015 е голем ден за астрономијата. Но, ова е и година во која се посетени два сосема нови светови, а тоа се двете џуџести планети – Церера и Плутон. После поминати 9 години и 5 милијарди киломери, вселенското летало Нови Хоризонти прелета покрај Плутон и направи историски подвиг. Нови Хоризонти е првото летало кое го посети овој далечен свет и досега даде неверојатни фотографии со најдобара резолуција и детали. Но, во наредниот период претстојат голем број на фотографии и податоци кои треба да бидат обработени и ќе дадат нови информации за ледениот свет.

Нови Хоризонти на 13 јули прати слика која во текот на ноќта се обработуваше и истата беше објавена непосредно пред самиот прелет покрај системот на Плутон. На фотографијата може да се забележат кратери, линеарни карактеристики и безбројни површински детали, вклучувајќи ја и областа во форма на срце која се појави на последните фотографии.

Детали на Плутон

Детали на Плутон

На 14 јули во 13:40 часот Нови Хоризонти се доближи најблиску до Плутон на оддалеченост од 12 500 км, 70 км побилску од предвиденото. На прес-конференцијата главниот истражувач Ален Стерн изјави дека површината на Плутон изгледа помлада од површината на неговите месечини. Засега не се откриени нови месечини или прстени, иако се очекуваше дека Плутон може да има пет сопатници.

Во текот на денот Нови Хоризонти не прати никакви информации бидејќи беше насочен кон собирање на што е множно повеќе податоци при краткиот прелет покрај Плутон и истите ќе бидат пратени до Земјата во наредните денови. Првите податоци кои веќе патуваат, ќе стигнат на Земјата во раните утрински часови и ќе започне нивна детална обработка. Нè очекува возбудлив период во кој следуваат нови откритија.

Најдобра фотографија на Плутон во лажни бои

Најдобра фотографија на Плутон во лажни бои

За крај, креативни фотографии:

Слика 3

 Слика 4

Текст: Дарко Рафаиловски

Сподели.